EURITMIA

Подучувањето е највисок облик на уметност

ЗА БЛОГОТ

Блогот е посветен на педагогијата која всушност е практично школување на волјата, која го поттикнува индивидуалниот сензибилитет, затоа според некои автори подучувањето е највисок облик на уметност. Бидејќи е пред сè личносен, персонален. Добар учител е оној кој постојано инспирира, и го открива најдоброто од секој поединец. На блогот ги споделелувам работите и искуствата до кој сум дошол, литературата која ја среќавам во текот на работата, активности и настани. Блогот е посветен и наменет за секој оној кој го интересира педагогијата како основа, преобразба, градба за повеќе, за повисоко, за повредно, за убавото во професијата.

Според Ајнштајн, „Сите сме на истото дрво. Сите науки, религии, уметности, култури. Ние сме гранки на едно исто дрво, и тоа е сè од човекот

Воспитанието е процес на формирање на особеностите на човекот и неговата јавна одговорност, образованието е начин за стекнување на знаење, вештини и компетенции со нагласок на хуманистичката димензија на тие елементи.

Врската на субјективниот дух, со објективниот (културен) свет се задачи на изучување на филозофијата на културата и педагогијата. Педагогијата се темели на културата, а и самиот процес е создавање на култура.

%d bloggers like this: