EURITMIA

Подучувањето е највисок облик на уметност

Педагошки идеи

Ако човештвото напредува преку сознанието дека крајна цел на секоја институција е квалитетот на дејството на човекот – дејството на свесното искуство, тогаш со право се верува дека човекот тоа го прави преку работата со младите луѓе.

Образованието е континуирана реконструкција на искуствата. Искуството е извор на знаењето. За да се воспитува и образува една заедница или општество тие мора да имаат заеднички цели, верувања, знаења, тенденции, взаемно разбирање, ментална сличност. Тоа не се така едноставно пренесува физички од еден на друг, како носење цигли, тоа не се дели материјално на парчиња. Клучниот елемент за заедничкото рабирање, за сличните емоционални и интелектуални склоности, за начинот на реагирање на очекувањата, барањата и одговорноста, го формира начинот на меѓусебната комуниукација и пренесување на искуствата. (Дјуи).

Што треба да правам? – се прашува човекот за кого реалноста е поле на живот и делување, а Каков треба да бидам? – се прашува човекот за кого реалниот свет, е свет на вредности и обврски.  Тоа се прашања за животот.

Креативниот ум е по својата исконска природа, непослушен. Во него постои природна тензија меѓу секојдневната самоконтрола и иновативните побуди. Овде, не се работи само за тоа дека креативните луѓе се надвор од емоционалната самоконтрола, пред сè е во прашање нивната склоност да се сретнат со широк спектар на импулси и акција отколку што е тоа својствено на помалку авантуристички дух

(Големан, 1998).

(John Connell)

Исто како што никој не може да ги види боите како што јас ги гледам. Исто како што никој не може да ја слуша и ужива музиката како што јас тоа го правам. Исто како што никој не може да го почувствува она што јас го чувствувам кога некого држам за рака. И како што никој не може да го почувствува светот како што јас го гледам светот околу мене. Исто така и никој не може да ме научи како да учам“.

                русо         Жан Жак Русо (Jean Jacques Rousseau) (1712-1778)

 „Јас верувам дека некоја волја го покренува светот и ја оживува природата. Таа е мојата прва догма и мој прв член на верувањето“. („Емил или за воспитанието“)

РудолфРудолф Штајнер (Rudolf Steiner) 1861-1925

Вистинските педагошки чекори и мерки никогаш не се реализираат преку програмата, ниту пак од теоријата, туку тие настануваат преку способноста на учителот да ја развие својата интуиција и да го наслушнува она што се случува кај детето, да го истражува она што детето го носи со себе и она што е најдобро за него“.

Следејки го Гете, тој тврди дека – космосот произведува одредена „сила“ кои некои ја нарекуваат „Бог“. Силата е и светла и темна, и позитивна и негативна, и добра и зла „сé е едно“.  Тој во делата на Гете го пронаоѓа мостот кој би можел да ги спои природните и духовните науки

LockeEducation1693

Ние се раѓаме со способности и моќ кои можат сè, дури со нив можеме да  отидеме и подалеку од тоа што можеме да замислиме; ништо друго освен употребата на овие сили не може да не однесе до совршенството.“

%d bloggers like this: