Со поимот отворено образование (Open Education) се означува еден педагошки правец кој се залага за корените промени во филозофијата на образованието, за нов дух на слободата во предучилишните установи и училишта, за отвореност кон промените, како и за редефинирање на целите и методите на воспитанието и образованието. Овој правец смета дека сите деца се природно мотивирани за учење, како и тоа дека се способни да го регулираат своето учење.
Отвореноста подразбира:
– простор (училници без ѕидови), EDUCATION_universe
– време (нема распоред за активности и часови),
– програма (нема подрачја и нема предмети)
– однос на воспитувач/учител и дете (изразување на желбите и чувствата)