Европски политикиДваесетиот век не беше „век на детето“, ниту пак „век на педагогијата“ (Поткоњак, 2003, според Suzić, N. 2005). Иако најавуван како ново време, ново доба, период на мир и прогрес, минатиот век не беше ништо од тоа. Првата и Втората светска војна, холокаустот на Евреите, војните на Балканот, во паранешниот СССР, блискиот Исток, и многу други региони, беа најгнасните војни во историјата на човештвото. Двасетиот век замина без ниту една општоприфатена, доминантна и оригинална педагошка концепција и движење ниту во педагогијата, односно во науката за воспитанието, ниту во воспитната пракса – според кој векот ќе беше обележан. Оваа теза се потврдува што и се повеќе земји и региони останаа без официјална педагогија.

Pijaze.PNG

Доналд Хирш (Hirsh, 1996) зборува за одвоеноста на системот на образование на наставникот од образованието за животот. Одвоеноста на образованието за професијата се појави, и заради неприлагодливоста на образованието и наставниот кадар да ги следат современите текови на науката и техниката, да ги следат промените и да го менуваат својот концепт на работа. Училиштето останува традиционално, и станува декадентно како средновековната црква, самата на себе доволно и светот за себе. Образованието на наставникот и праксата треба да станат приоритетни. Теоријата и општото образование имаат смисла само ако и служат на професијата. Наставата не може без праксата, но тоа не може да се сведе на пракса во конфронтација со теоријата. Ништо не е попрактично од добрата теорија.

Денес сè повеќе се слуша мислењето дека новите генерации, „новите деца“ не можеме да ги разбираме, дека имаат сосема поинаков ритам на живот. Проблемот не е во децата, туку во образовниот систем и семејството. Денес возрасните се уште се наоѓаат во претходната состојба, на ниво од кога тие биле ученици и студенти, а децата живеат во поинаков свет. Тоа е така затоа што се наоѓаме на преминот од егоистичното, индивидуалистичко ниво меѓу нас, кон алтруистично, интегрално, глобално ниво, каде што сите треба да бидат поврзани помеѓу себе (Laitman, 2012)..