Втората едуконференција на наставници и информатичари 2016, во организација на здружението Пријатели на образованието, се одржа од 1 до 3 април 2016 година и беше наменета за наставници и студенти – идни наставници, со цел да им помогне во развивањето и подобрувањето на организациските, комуникативните, методолошките и дидактичките вештини.
На Едуконференцијата за наставници и информатичари 2016 се презентираа примери од наставата кои се потврдени како ефективни, корисни и интересни, се дискутираше на многу теми од интерес за професорскиот професионален развој. Учесниците e имаа можност да следат предавања на експертите од земјата и странство, кои се истакнати и афирмирани во педагошките и информатичките сфери.
Оваа конференција е пример за она каде треба да се движи нашиот образовен систем, како да се поврзат педагогијата и информатиката.