Книга за деца ГЛИСТОН ПАТУВА ВО ЗЕМЈАТА
На 21 декември во 11 часот во Кампус 2 на Универзитетот „Гоце Делчев“ беше одржана промоцијата на книгата „Глистон патува во земјата“ на авторот Драган Миловановиќ, преведена од страна на доц. д-р Кирил Барбареев и проф. д-р Блажо Боев. Промоцијата ја отвори деканот на Факултетот за образовни науки проф. д-р Никола Смилков, кој изрази голема чест и задоволство за успешно реализираниот проект на неговиот факултет, а наменет за децата од раноучилишната возраст. Тој изјави дека адаптацијата на оваа книги ги следи современите барања и потреби на децата.
Промотори на книгата беа проф. д-р Лена Алабашовска-Дамовска, продекан и професор на Филозофскиот факултет на Институтот за педагогија и проф. д-р Ферид Мухиќ, професор на Филозофскиот факултет при УКИМ и почесен професор на повеќе светски универзитети.
Проф. д-р Лена Алабашовска-Дамовска истакна дека станува збор за оригинално дело, напишано на креативен начин, со лесен и разбирлив јазик. Исто така, ја акцентираше академската вредност на оваа публикација заради интерактивните можности за стекнување на знаење и вклучување на детските креативни потенцијали. Таа оценува дека оваа книга има одлични дидактичко-методски предиспозиции и можности да се интегрира во методското планирање на наставата на најразлични начини.
Професорот Мухиќ зборуваше за она што може да се научи од книгата на лесен начин, соодветно приспособен на спознајните можности и капацитети на децата на претшколска и раноучилишна возраст. Освен тоа, тој го пофали сензибилтетот со кој книгата го доловува и опишува овој чудесен свет на начин достапен за децата.
Оваа книгата ќе има за цел да ги поттикне и промовира позитивните човечки вредности, како љубопитноста, истражувачкиот дух, желбата да се учи и проучува, кои се стекнуваат уште од најмала возраст.
Освен тоа, Центарот за односи со јавноста при УГД издаде и аудио издание на оваа книга
Hello niice post
Ми се допаѓаМи се допаѓа