Институтот MOFET е државeн интердисциплинарен центар за истражување и развој на програмите за образование на наставници и наставата во предучилишно, основно, средно и високо образование. Институтот претставува единствена рамка и во Израел и во светот за поддршка на професионалниот развој на наставниците едукатори. Институтот е основан како Институт за образование на наставници од страна на Министерството за образование во 1983 година и финансиран од непрофитна организација. Овој институт е основан заради верувањето дека професијата наставник имаа уникатни компоненти, токму и поради тоа е потребно да се одговори директно на потребите за професионален развој на наставниците едукатори.
Мисијата на MOFET Институтот е да создава и да го олесни образовниот дијалог меѓу колегите, и во системот на образование на наставниците и во другите предизвици во образовниот систем.
Институтот MOFET се стреми да го подигне стандардот на образованието преку подобрување на образованието на наставниците и подготовка на наставниците едукатори да се соочат со најсложените предизвици во современиот свет – ситуација која од нив бара постојано да се прилагодуваат на променливите услови.
Академскиот кадар на Институтот е составен од наставници едукатори од редот на колеџите за образованието на наставници и на универзитетите. Тие организираат професионални средби со цел размена на мислења, проширување на знаење и заеднички студии; усовршување на наставниците едукатори и другите професионалци, личен развој; создавање и ширење на професионално знаење за важноста на образованието на наставниците, неговите модели на акција и неговите значења; иницирање и развој на насоки на целиот систем и проекти во образованието на наставниците и во областа на истражувањето.