„Наставниците се важни“, извештај од 2005 г., подготвен од ОЕЦД заклучува дека квалитетот на наставникот е еден од најважните фактори кои влијаат врз успехот на ученикот и учењето. Овој извештај тврди дека, во текот на три години, учењето со висококвалитетен наставник, наместо со нискоквалитетен наставник, може да доведе до разлика од 53% проценти во постигањата на ученикот. Зошто некои училишта успеваат а другите не успеваат потврдува една голема студија, искуствата на најдобрите училишни системи укажуваат на тоа дека три нешта се најважни.
Најдобрите образовни системи се разликуваат од останатите поради 3 клучни работи.
- Начинот на селекција на наставниците – како да се пронајдат и поддржат вистинските луѓе да станат наставници.
- Можноста тие наставници да држат најдобра настава и да даваат вистински насоки на децата.
- Создавање на систем за образование на наставници кои ќе ги препознаваат потребите на секое дете.
Како образовниот систем на Финска избира наставници?
1. Фаза – Селекција на национално ниво. Кандидатите ги селектира национално тело. Кандидатите одговараат на 300 прашања од математика, литература и решавање на проблеми.
2. Фаза – Селекција на универзитет. Приемен испит за проверка на академските вештини и литературата.
3. Фаза – Интервју на универзитет. Со кандидатите се разговара за мотивацијата за поучување и професијата наставник, нивната мотивација да учат постојано, нивните комуникациски вештини и емоционална интелигенција.
4. Фаза – работа во група на универзитет. Проверка за соодветноста на кандидатот за настава и поучување. Вежби во групи и демонстрирање на настава, тест за комуникациски и интерперсонални вештини.
Еден од десет кандидати успева да ги помине овие фази.