Дали феномените кои ги проучува педагогијата се одвиваат некаде во меѓупросторот – помеѓу строг детерминизам и чиста случајност?

Денес постојат две спротивставени струи на педагози реформатори, едните пропагираат образование како цел, мотивација, интеграција, мрежа, центар за учење. Додека другата струја на педагози реформатори пропагира глобални, полно неутрални тестови на знаење, натпреварувачки дух, конкуренција, ефикасност, казни. Првите сметаат дека преку образованието треба да се развие креативноста, вторите културата на стандардизација и тестови.

Во истражувањето на 25 образовни системи, вклучувајќи ги и 10-те најдобри во светот, забележени се неколку важни карактеристики.

cheating-cheat-chess-mirror-best-demotivational-posters

Трошоци, реформи и резултати
Во периодот од 1980 до 2005 г., САД ги зголемиле инвестициите во образованието по ученик за 73%. Во текот на истиот период вработени се повеќе наставници, намален е бројот на ученици по наставник за 18%, на пример некаде од клас со 28 ученици е воведен стандард на 15 ученици. Федералната влада, државните политики, училишните одбори, наставниците и асоцијациите на наставници, многу компании, невладини организации и други засегнати страни вовеле стотици иницијативи за подобрување на квалитетот во училиштата. Но, резултатите на учениците, од националните мерење на Институтот за образование останале скоро исти. Иако имало мали подобрувања во математика, сепак јазичната писменост на 9,13 и 17 годишниците бил истиот и во 2005 и во 1980.
sad grafikon
Но, САД не се единствената земја која имала проблеми со образовниот систем. Всушност, скоро секоја држава од земјите на ОЕЦД значително ги зголемила инвестициите во образованието во истиот период, и спровеле многу реформи за поквалитетно образование. Но, многу малку училишни системи имале значителни резултати.

гр2
Овие големи реформски напори на многу земји биле и добро обмислени и имале долгорочни цели, но сепак нивниот успех е зачудувачки неуспешен. На пример, во Англија речиси секој аспект од различните реформи бил посебно анализиран и потоа реорганизиран. Реформите опфаќале:
– Финансирањето на училиштата;
– Управувањето на училиштата;
– Стандардите во наставната програма и план;
– Оценувањето и тестирањето;
– Проверката на квалитет, инспектори…
– Улогата на локалната власт;
– Улогата на Владата;
– Форматот и природата на делување на националните агенции;
– Односот на училиштата и заедницата
– ….

Извештајот објавен од страна на Националната фондација за истражување во образованието во 1996 г., покажала дека во периодот од 1948 до 1996 г., немало подобрување на стандардите во јазична и математичка писменост во училиштата во Англија.
Еден од луѓето кој носел одлуки за подобар образовен систем во Нов Зеланд изјавил: „Многу е наивно да верувате дека квалитетот во училницата ќе го подобрите само со промена на структурата“.
Во студијата се анализирани и 112 случаи во кои е направена редукција на големината на класот со цел подобри резултати на учениците, само во 9 случаи е констатиран позитивен резултат, иако резултатите не отскокнуваат значително.

Фокусот е на наставникот
Единствената голема промена во резултатите кај учениците е во квалитетот на наставникот.
Овој извештај тврди дека, во текот на три години, учењето со висококвалитетен наставник, наместо со нискоквалитетен наставник, може да доведе до разлика од 53% проценти во постигањата на ученикот.

10VIEW-videoLarge

Дали феномените кои ги проучува педагогијата се одвиваат некаде во меѓупросторот – помеѓу строг детерминизам и целосна случајност?