Некои сметаат дека е доброволна заедница, други дека е индустриско или земјоделско село, а се поголем број патници сметаат дека тие се пример за некој сосема поинаков свет.
Кибуцот е како оркестар во кој луѓето изведуваат различни партитури, но заедно создаваат нешто осмислено.
Квалитетно образование и животна средина, работа, права и обврски. Во кубуците има и градинки и училишта, базен и игралишта за деца кои се бесплатни. Постои голема чувство за заедништво, сите се соседи и сите меѓусебно се поздравуваат. Прославите и вечерите се заеднички и јавни.
Кибуц е голема задруга. Луѓето кои живеат во кубуци се карактеризираат со заедничка сопственост над земјиштето и над средствата за производство, како и со заедничката распределба според потребите на членовите на семејството и можностите на кибуцот. Тоа е принципот на животот во кубуците – меѓусебна помош, поддршка и одговорност на едните кон другите.
Метод на интердисциплинарно учење
Со цел да се остане верен на животот воспитанието и образованието во кибуцот е преку интер-дисциплинарен метод на учење.
Учењето се базира на секојдневниот живот на децата: „Пчелата и цветот”, „Мравката”, “Пошта” итн. Еден интердисциплинарен предмет трае од две до шест недели, во зависност од возраста.
Курикулумот е поделен на два дела:
- Хуманистички дисциплини – литература, географија, општество и економија,
- Реалност (физика, хемија и биологија).
Во курикулумот се вклучени и: хебрејски, англиски и арапски јазик, математика, гимнастика, сликарство, музика.