КАКО ДЕЦАТА ГЛЕДААТ НА СВЕТОТ ОКОЛУ СЕБЕ

Не можете да им помогнете на децата да бидат среќни и успешни во животот – како и да ја дефинирате среќата и успехот – доколку не знаете како тие го гледаат светот. Никој од нас не сака друг да му наметнува мислење за светот. Тоа не функционира ниту кај возрасните но ниту кај децата.Сите ние имаме различни погледи на светот и различно комуницираме со луѓето околу нас. Премногу случки се случуваат за да можеме за секоја поединечна ситуација да измислуваме посебни правила, па наместо тоа, мозокот се организира според некои шеми и создава некој вид на ментални мапи за светот и според тоа одлучува како да одговори за ново настанатата ситуација. Важно е да се знае дека мораме да бидеме свесни дека таа мапа е само претстава за светот, но не и самиот свет.

Ако вашето искуство од детството е дека никој не ве слуша кога сте вознемирени, тоа ќе има огромно влијание на односите кои подоцна во животот ќе ги развивате.

Kako na decata da im se postavat granici

Задача на родителите и учителите  е да им овозможат на децата да ги користат мапите кои им се максимално корисни. Ако некогаш сте се запрашале зашто вашето дете постојано го прави тоа и тоа, или никогаш не прави нешто друго, одговорот најверојатно лежи во мапата која ја користи. Некои деца секогаш ќе го изберат полесниот пат до целта, додека некои други одат по потешкиот пат. Некои деца се истрајни во тоа да дојдат до некоја ситница, додека други се сосема повлечени и се постојано до родителите. И едните и другите во своите одлуки се раководат од своите стекнати мапи.

Постојат два начини кои преовладуваат за да стекнете слика за тоа какви мапи користат вашите деца. Ако внимателно ги слушате ќе слушнете:

  • Зашто јас никогаш не стигнувам прв?
  • Никој не сака да си игра со она што јас го сакам.
  • Сакам да ги споделам работите со други.
  • Другарите ми се интересни.
  • Ми „оди“ читањето.
  • Мразам да читам.
  • Учителката е лоша.
  • Учителката ми е добра бидејќи ми помага.
  • Тоа не е фер.
  • Не можам да дојдам. Прво морам ова да го завршам.
  • Тоа не е убаво.

Сите овие реченици зборуваат за тоа како малиот човек го гледа светот околу себе. Секоја реченица содржи некоја претпоставка за светот и како тој функционира; некоја е позитивна, друга не е. Кога ги слушате своите деца, особено обратете внимание на она што звучи како правило: на пример, речениците кои во себе ги содржат зборовите „СЕКОГАШ“ и „НИКОГАШ“. Исто така, зборовите со кои кажуваат што им се допаѓа или не кај другите луѓе: на пример: „УЧИТЕЛКАТА МИ Е ДОБРА БИДЕЈЌИ МИ ПОМАГА“. Тоа ни зборува за мапата дека е добро да им се помага на другите. Поголема грижа дава изјавата за истата учителка: „ЈА МРАЗАМ УЧИТЕЛКАТА БИДЕЈЌИ СЕКОГАШ МИ ЗБОРУВА ДЕКА ГРЕШАМ“. Оваа реченица подразбира дека детето си создало правило во себе дека помошта е лоша.

Во суштина треба да се внимава многу на исказите кои звучат дека ги води некои уверување или вредност и можат да се употребат во насока на донесување одлука. Изјавата „НИКОЈ НЕ САКА ДА СИ ИГРА СО МЕНЕ“ јасно ја оддава мапата за себе како непосакувана личност и може да доведе до тоа детето да се повлече од друштвото, бидејќи неговото однесување е водено од негативна мапа.

Ако ги набљудувате своите деца, ќе видете како се снаоѓаат во различни ситуации и индиректно какви правила применуваат:

  • Кога си играат со играчките,
  • Кога цртаат,
  • Кога си играат со другарчињата,
  • Кога имаат нова задача,
  • Кога влегуваат во непозната ситуација,
  • Кога во нешто ќе успеат и кога нема да успеат.

Ако детето се блокира во некоја нова задача, тоа зборува за неговата мапа на самодоверба. Ова дете смета дека е подобро и да не се обиде отколку да не успее. Доколку секој пат кога нема да успее, веднаш почнува да плаче и не можете да го утешите, тоа зборува за тоа како прифаќа пораз.

Добро е тоа што мапите на малите луѓе се многу поприлагодливи од мапите на возрасните. Тие како да се правени од графит. Тоа значи дека секогаш можете да интервенирате кога ќе забележите правило за кое сметате дека нема да им биде од корист и да им се помогне повторно да ја нацртаат мапата.

(извадок од книгата “Politically Incorrect Parenting – Before Your Kids Drive You Crazy”: Nigel Latta

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: