„Евритмија“ (grć. euritmija) -„ eu“ (грч. добро, право) и „ritmija“ (ритам). Евритмијата е начин на убава и добра хармонизација на поедините делови во една целина, односно тоа е складно и хармонично изразување на силата која делува во говорот, музиката и движењето. Од гледна точка на педагогијата и медицината евритмијата има превентивна, воспитна и терапевтска улога.
Рудолф Штајнер (Rudolf Steiner) денес на многумина надвор од германското говорно подрачје е познат како оснoвач на ВАЛДОРФ педагогијата (Waldorf Pedagogy). Тој е идејниот творец на еден од најзначајните модели на воспитно-образовната работа од првата половина на 20 век, кој сé уште е многу популарен во земјите на Западна Европа.
Рудолф Штајнер е роден 1861 година во Краљевац (место на границата помеѓу Австрија и Унгарија). Во детството многу повеќе го интересираат природните науки и затоа студира биологија, хемија и физика. Но, во еден разговор со еден надрилекар за првпат ќе може отворено да разговара за своите духовни и сетилни недостапни доживувања. Всушност, така тој и спознава дека духовната перцепција има долга традиција во историјата на човекот. Штајнер „пати“ од разликите помеѓу природнонаучните објаснувања на светот кој ги осознава преку предметите кои ги студира и своите духовни прарелигиозни доживувања.
Стекнува титула доктор, со особен интерес го изучува делото на Јохан Волфганг фон Гете, особено неговите ставови за окултизмот и окултното учење за светот и човекот. Следејќи го Гете, тој тврди дека – космосот произведува одредена „сила“ кои некои ја нарекуваат „Бог“. Силата е и светла и темна, и позитивна и негативна, и добра и зла „сé е едно“. Тој во делата на Гете го пронаоѓа мостот кој би можел да ги спои природните и духовните науки.
По завршувањето на студиите се вработил како воспитувач на едно десетгодишно дете кое имало т.н „водена глава“[1]. Тоа дете после две години е запишано во гимназија, иако претходно било прогласено за неспособно за учење. (Подоцна станува доктор!)
Од тогаш кај Штајнер започнува периодот кога интензивно проучува сé што е поврзано со човекот, и дури сам запишува: „На свој сопствен начин ја студирам физиологијата и психологијата.“ Од тој момент никогаш не престанал да се бави со педагогија.
Штајнер лично се запознава со Ниче (Nietzschea) и Хегел (Haeckela), и јавно се спротивставува на нивните дела и многу силно ги напага овие два филозофи и тоа пред се од позиција на црквата. Но, сосема очигледно е тоа дека Штајнер во тој период многу повеќе ја критикува црквата и нејзиното премолчување на природните закони, отколку „атеизмот“ на овие два врвни филозофи.
Животот на поединецот, Штајнер го детерминира од индивидуалните димензии на неговата личност, но и од севкупното општествено и природно опкружување кое, спонтано или намерно, суштински или формално, влијае врз нејзиниот развој.
Во 1907 година од печат излегува неговото врвно педагошко дело „Воспитанието на детето набљудувано преку духовните науки“. Работниците во фабриката за цигари Валдорф-Асторија (Waldorf-Astoria), на кој Штајнер им држи предавања од областа на социологијата и педагогијата, многу спонтано одлучиле таа педагогија да ја изучуваат нивните деца и така практично да се реализира. Така со помош на директорот на фабриката Емил Молт (Emil Molt) отворена е првата Валдорфска школа во Штудгарт во 1919 година.
Антропозофија
Според Штајнер, воспитанието е прашање кое е длабоко втемелено во општеството, што значи дека е нераскинливо поврзано и со сите други области од човечкиот живот. „Валдорфската педагогија се темели врз антропозофскиот духовен поглед на светот. Таа е единствен и специфичен пристап за воспитување и за образование на децата, кој се спроведува во Валдорфските училишта и градинки ширум светот.“[1] Антропозофијата се сфаќа како наука за телото, душата и духот во светот. Значајна место во антропозофијата заземаат реинкарнацијата и кармата. Антропозофијата учи дека човековото тело е составено од четири дела: физичко тело, етеричко или животно тело и Јас. Она според кое се разликуваат луѓето се облиците на духот.
Антропозофијата е во основата на валдорфските училишта, но таа на ниту едно место не се појавува како негова содржина. Всушност, основата на целата антропозофска духовна наука е, повик на внатрешна активност, на оној човечки елемент кој може да биде и понатаму активен, дури и тогаш кога сите сетила ќе замрат, само мислењето продолжува да функционира.
Евритмија
Евритмијата е „уметност на движење“ и нејзин втемелувач е Рудолф Штајнер. На едно од неговите предавања во 1910 година, Штајнер доаѓа до идејата една руска балерина да се обиде преку движење (танц, игра) да го искаже она што тој ќе го говори.
Според Штајнер евритмијата е педагогија која лекува (педагогија за оние на чија „душа и е потребна нега“). Зборот „евритмија“ (grć. euritmija) е составен од два дела „ eu“ (грч. добро, право) и „ritmija“ (ритам). Тоа значи дека евритмијата е начин на убава и добра хармонизација на поедините делови во една целина, односно тоа е складно и хармонично изразување на силата која делува во говорот, музиката и движењето. Од гледна точка на педагогијата и медицината евритмијата има превентивна, воспитна и терапевтска улога.
Евритмијата е практично школување на волјата, која го поттикнува индивидуалниот уметнички сензибилитет и стекнување свест за просторот.[1] Телото е инструмент преку кое говорот и музиката индивидуално се обликуваат и стануваат живи и видливи. Така, евритмијата влијае хармонично во воспоставувањето рамнотежа кај детето, и таа има социјално балансирачка функција. Децата од предучилишна возраст еднаш неделно се собираат на посебен простор предвиден за евритмија. Децата многу лесно ги прифаќаат едноставните ритми и вежбите кои им помагаат во јакнењето и во урамнотежувањето на сопствените тела и на сопствената животна сила. Заедништвото во групата се нагласува со тоа што секое дете носи еднобојна наметка. Воспитувачот (евритмичарот) нé дава никакви инструкции ниту објаснувања. Децата учат сами да ги следат тоновите, музиката, движењата и сл.
Во валдорфското училиште постои тенденција детето да се разбере како целосна личност, а не само како „глава“.[2] Затоа образованието кое вистински му служи на детето мора да го интегрира интелектуално, физичко, емоционално и духовно. Евритмијата е задолжителен предмет во валдорфските училишта.
Воспитание на „она што човекот го носи со себе“
Темпераментот е оној дел од детското суштество на кој учителот во валдорфското училиште посветува посебно внимание. Во прво одделение децата се распоредени да седат според своите темпераменти, исти темпераменти со исти. Всушност, темпераментот го произведува наставниот процес: приказните за меланхоличните типови се нагласуваат преку вокалите, а додека за колеричните типови силно се изговараат консонантите.
На децата им се презентираат дела од светски познатите писатели преку кои децата ги проучуваат и ги изведуваат карактеристичните темпераменти на ликовите во делата и така ги доживуваат лошите и добри страни на сопствениот темперамент.
Рудолф Штајнер зборува и пишува за воспитните и наставни методи, но сепак една работа е најважна кај него: вистинските педагошки чекори и мерки никогаш не се реализираат преку програмата, ниту пак од теоријата, туку тие настануваат преку способноста на воспитувачот да ја развие својата интуиција и да наслушнува она што се случува кај детето, да го истражува она што детето го носи со себе и она што е најдобро за него.
Според Штајнер детето во првите седум години од животот е претежно сангвиник (внатрешно слаб, лесно можете да му го свртите вниманието, површен). Сопствениот темперамент се создава дури после овој период, и затоа е најважно во првите седум години да се применува хомеопатското начело, а тоа значи, на исто да се делува со исто, или во практиката, тоа значи дека на флегматичното дете треба да му овозможите мир и бавност, на колерикот – сила, на сангвиникот – промена и на меланхоличниот – материјал кој поттикнува на размислување.
Воспитно-образовниот процес во валдорфската педагогија не се разложува на теорија и пракса. Затоа и во училиштето не постојат точно разграничени предмети. Сé што детето учи е целосно доживување на самото себе и светот кој го опкружува. Стекнатото искуство се пренесува преку телото, сетилата и главата. На пример: геометријата се применува на мерење на телото; учењето јазик се реализира преку практични животни ситуации, преку сценски игри и театарски претстави. Намерата на Штајнер била да се соединат уметноста, науката и религијата.
Во Валдорф-градинките не се употребуваат индустриски произведени играчки. Предмет на учење е целиот свет и комплетно-човекот. Се дозволуваат само природни материјали и играчки кои ги изработуваат воспитувачите. Воопшто не се користат конструктивни играчки и готов дидактички материјал. Единствено восокот се користи за моделирање. Децата изработуваат скулптури, слики, работи од дрво и метал, се ткаат теписи и марами од свила.
Воспитувачите и учителите на Валдорф педагогијата сериозно се спротивставуваат на прераното конзумирање на медиумите на децата. Таму постои цврсто правило: секој кој своето дете ќе го пријави во валдорфско училиште треба сериозно да земи во предвид – одрекнување од медиумите, бидејќи со тек на време кај детето ќе се формира „живот во два света“ што кај детето ќе предизвика конфликт на совеста и лојалноста.
Во градинката преовладува бојата на праска, и задолжително стои сликата на Сикстинската Мадона.
Денес антропозофското движење има цврсти корени во САД и Германија, а во Русија Министерството за образование одобрило отворање на Валдорфски училишта при државните училишни установи и нивниот број е над 2000.
[1] Ibidem стр.16
[2] http://Likovna-kultura.ufzg.hr/Ucimo-gledati-zine/Broj%202/euritmija.htm
[1] Дамовска, Л.(2005), Валдорф-Педагогија на почетокот од 21 век-искуства и перспективи, Годишен зборник, Филозофски факултет Скопје, книга 58, стр.15
[1] Медицински „Hidrocefalus“ тоа е назив за проширување на комората на мозокот. Тоа може да биде последица на различни болести: тумор, крварења, повреди итн. Во раното детство „водената глава“ се препознава поради брзиот раст на главата на детето.