Човечкиот живот во сите свои манифестации бара хармонија и ритам“ (Платон)
Платон во воспитувањето гледа силна функција која треба да го зајакне квалитетот на државата, затоа тој во своите дела Држава и Закони го изнесува својот педагошки систем. За педагогијата делото Држава е од исклучително значење, бидејќи во тоа дело се изнесени најинтересните мисли за воспитанието во целата античка епоха.
Според Платон замислената „идеална држава“ треба да има и „идеално“ воспитување.
Во намерата да го оствари своето филозофско влијание, Платон ја основа филозофската школа – академија, во која ја развива педагошката мисла и воспитната пракса. Академијата на својот влез имала симболичен натпис: „Никој да не влегува ако не знае Геометрија“. Оваа филозофска школа е најважниот настан во историјата на европската култура и целокупната цивилизација.

image001
Мислите на Платон за воспитанието се големи и инспиративни не само за неговото време, туку и за сите мислители после него и до денешен ден.
Во своите педагошки ставови го истакнува идеалот на хармоничниот развој на личноста – идеалот на калокагатија.
Калокагатија (kalokagàtija, калокага̀тија) (калос – „угледен, почитуван“, агатија – „добар граѓанин“) како идеал на хармонично развиената личност и како идеал на човекот во античкиот период, се јавува во периодот од 6 до 4 в.п.н.е.
Ваквиот идеал претставува хармонично развиена личност, под кој се подразбира спојување во една личност на убавото силно тело и високиот морал. „Хармоничниот развој значи складен и рамномерен развој на сите човекови психички и физички сили, негово складно духовно и телесно обликување и оформување“.

Во суштина, тоа е тенденција во човекот да се постигне хармоничен спој на убавината и добрината со помош на физичкото и духовното воспитување (филозофија, книжевност, музика, политика).
Оној, кој најубаво умее да го објасни музичкото воспитување и гимнастиката,.. би можеле со полно право да го наречеме музички и хармониски совршено воспитан човек“.
Ова покажува дека „Платон ја сфаќа хармоничната личност, како личност со развиен ум, срце и тело, односно единство на умното, физичкото, естетското и моралното воспитување, со идеите на убавото, вистината и доброто како основни доблести и воспитни вредности“.

9