Не може да се живее достојно, ако не се живее доблесно, честито и праведно…“

Ставот на Сенека Луције Анеј дека „Само она воспитување е добро, кое го учи човекот на скромност и искреност“, најдобро зборува за суштината на воспитанието и образованието. Роден во Шпанија, образуван и воспитуван во Италија, бил и конзул, но и учител и воспитувач на царот Нерон, сериозно го критикува формалниот образовен систем, во кој се воспитува „умот, но не и душата…“ Non scholae, sed vitae discendum est, – „Не за образованието, туку за животот учиме“.

japan child

ПОСТИГНУВАЊЕ НА ДУШЕВЕН МИР

Епикур (341-272) сметал дека главната задача на педагогијата е ослободување на човекот од незнаењето и со самото тоа отворање на патот кон среќата.  Според Епикур, целта на среќниот и блажен живот е : физичко здравје и душевен мир. „Не може да се живее достојно, ако не се живее доблесно, честито и праведно…“ „Праведниот човек најмалку е подложен на душевен немир, а неправедниот е со него исполнет во најголема мера“.

Образовни системи со иста хиерахрија на предмети

„Секој образовен систем ја има истата хиерархија на предмети. Секој. Не е важно каде ќе отидете. На врвот секогаш се математика и јазиците и на дното се уметностите, секаде во светот. И во речиси секој систем истотака, има хиерархија во уметностите. Сликарството и музиката вообичаено добиваат повисок статус во училиштата од драмата и танцот. Не постои образовен систем на планетата кој не учи да танцуваме секој ден додека сме деца на начин на кој учиме математика. Зошто? Зошто не? Мислам дека е ова доста важно. Мислам дека математиката е многу важна , но исто така е и танцот. Децата танцуваат цело време ако им е дозволено, како и сите ние“…(Кен Робинсон, 2009)

ГЕНЕРАЦИИ КОИ ПОСЕДУВААТ „ДЛАБОКА ЖЕД ЗА ЖИВОТОТ“ Е ЦЕЛТА НА КУРИКУЛУМОТ ВО ЈАПОНИЈА

Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија во 1998 година предложило нов модел во курикулумот под наслов – КУЛТИВИРАЊЕ НА ДЕТСКИОТ УМ ЗА НОВАТА ЕРА. Целта е да се воспитуваат децата така што ќе се вклучуваат во современите текови на животот, но исто така да ја вреднуваат и со почит да се однесуваат кон традицијата, да ја почитуваат искреноста и вредноста, духот на хармонијата, почитување на природата и средината, религиските чувства…
Целта на курикулумот е дефинирање на сеопфатен развој на децата, но се смета дека е неопходно децата да раснат со својот сон, со своите цели за иднината, да работат за нивната нација да биде богата и креативна. Децата треба да бидат способни да се борат со глобалните проблеми и да станат „добри Јапонци“ во интернационалната заедница.
Заради тоа целокупното општество мора да се труди да создаде генерации кои ќе поседуваат „длабока жед за животот“, квалитети како што се способност да се пронајдат задачи, да се научат самостојно да мислат, да станат богата личност која поседува љубов кон човекот, смисла за правда и морал, физичко здравје и сила.
Љубовта кон човекот ги подразбира следните квалитети:
– Сензибилитет кон убавината и природата,
– Смисла за правда и почитување на правичноста,
– Морални чувства, почитување на животот и човековите права,
– Грижа за другите и дух кој придонесува на другите,
– Самостојност, самоконтрола и одговорност,
– Коегзистенција со другите и прифаќање на различностите.

EDUCATION_universe