Кризата се развива и ни покажува силна потреба од оваа професија. Учителот е современиот спасител! Станува збор за престиж во педагошката работа. Денес професијата на учителите не е многу популарна. Денес не постои поважен човек од учителот, но тоа мора да биде човек кој ја разбира сегашната и идната состојба на човештвото до којашто треба да стигнеме за да опстанеме.

Ги доверуваме нашите деца, највредното нешто што го имаме, иднината на светот! За 10 години тие деца ќе станат возрасни луѓе и ќе ги заземат нашите места! Ние денес го создаваме идниот свет – нашите деца и внуци. Ништо не е поважно за човекот, од тоа да биде сигурен дека неговите деца ќе продолжат по правилниот пат и дека ќе им биде добро, удобно и безбедно во светот!

Дури и животните избираат места за собирање, формираат стадо и прават дувла само заради безбедност на потомството. За нив тоа е најважно. Сите истражувања на животинскиот свет покажуваат дека нивното однесување е раководено од безбедноста на младенчето.

laitman_2010-03-01_ulianov_03_w

Кризата се развива и ни покажува силна потреба од оваа професија. На планетата сега има седум милијарди луѓе од кои половината се жени – од нив ќе се создадат учители. Но, од другата половина на населението, од мажите, 30% се деца. Сите имаат потреба од воспитание, но ние во прв ред зборуваме за децата. Ова значи дека 20% од населението на Земјината топка има потреба од воспитание. Тоа се деца на различна возраст до 18 години. Излегува дека повеќе од една милијарда луѓе се деца. Ако земеме предвид дека на пет деца треба да има по еден учител, замислете колку учители се потребни?! Околу 300 милиони учители. Тоа е специјалност која бара добра подготовка и вистински луѓе кои треба да се изберат.

Ние говориме за безработица, дека нема што да правиме со „вишокот“ население на Земјата? Преквалификувајте го целото тоа население, направете ја побарувачката разумна, без вишок на едно место и глад на друго. Најдете ги овие 300 милиони учители кои треба да станат вистински реформатори на светот. Тогаш ќе видите сосема поинаков изглед на целата човечка цивилизација!

Кон ова треба да се стремиме!

Од книгата ПСИХОЛОГИЈА НА ИНТЕГРАЛНОТО ОПШТЕСТВО (Михаел Лајтман, Анатолиј Улјанов)

PSIHOLOGIJA NA IN OPS