ПРОФЕСИЈА СО ЗАГУБЕН ОПШТЕСТВЕН СТАТУС

Јапонците преку воспитно образовниот систем градат култ кон три за нив најважни нешта: култ кон семејството,  култ кон образованието и  култ кон работното место.

Од крајот на минатиот век и почетокот на овој век се случија многу промени во системот на образование на наставници во нашата земја. Но, реално може да се констатира дека пристапот секогаш бил парцијален, секогаш се базирал на одредени решенија кои биле во насока на внатрешни краткорочни поместувања, скоро секогаш било под политизација со компромиси и задоволувања на одредени парцијални гледишта и погледи, без долгорочни погледи и визија за тоа каков треба да биде наставникот во 21 век во Република Македонија. Затоа и сите засегнати страни не се задоволни од моменталните состојби со наставничката професија. Повеќе од очигледно е дека:

  • Постои слаба подготвеност на наставниците за современ концепт на настава и учење;
  • Постои негативна селекција за избор на наставниците;
  • Постои нерамнотежа и неинтегрираност на стручното и педагошкото образование во предметната настава. Не е стандардизиран концептот за образование на наставниците на наставничките и ненаставничките факултети;
  • Системот за образование на наставници и системот за професионален развој не се дефинирани согласно новите тенденции, не се функционални и може да се каже дека не обезбедуваат соодветно ниво на квалитет;
  • Студиските програми на институциите кои подготвуваат наставнички кадар не ги исполнуваат во целост барањата на современиот систем на воспитание и образование; се забележува неусогласеност во програмите, неповрзаност и некоординираност меѓу овие институции; едукацијата на воспитно образовниот кадар е заснована на традиционалниот педагошки систем;
  • Недоволна материјална поддршка во детските градинки, училиштата, високообразовните установи кои подготвуваат кадар и наставниците;
  • Формализирање на менторскиот систем со приправниците;
  • Неизграден систем за акредитација и евалуација на сите нивоа;

Исто така, веќе предолг временски период наставничката професија е во лоша општествено-економска положба, со загубен општествен статус, со релативно слаби и незаинтересирани кандидати за наставници, со слаба образовна политика за мотивираност на постојните и идни наставници, со релативно слаби материјално технички услови, со несистематски пристап во планирањето и продукцијата на кадри во областите на предучилишното, основното и средното образование.

desert teacher

Промена на образовната парадигма за образование на наставници

Потребен е сериозен пристап и создавање стратегија за промена на образовната парадигма за иницијалното образование во РМ која треба да биде во насока на создавањето реален концепт преку кој развојот на наставничката професија ќе биде во функција единствено за оние за кого треба да постои. Затоа на системот треба да му се пристапи холистички, како на систем во целина, со водење грижа и добра стратегија за меѓусебната поврзаност на секој подсистем – од предучилишно воспитание, основно, средно и високо образование, како и  целокупната општествена заедница.

Темелна определба во промената на образовната парадигма за иницијалното образование треба да биде во целосната професионализација на професијата наставник во сите фази од развојот на наставникот.

Суштината на реформите треба да се состои, преку воспитно образовниот систем  генерациите да се оспособуваат за усвојување на функционални знаења, радозналост, креативност, за смели подвизи, за ризик, за висок професионализам и одговорно однесување, за толеранција и интеркултурализам меѓу луѓето, за индивидуален продор, но и за тимска работа. Нам  ни се потребни наставници кои ќе ги развиваат овие особини кај новите генерации кои ќе можат да прават пробив во глобалниот свет.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: