„Фантазијата е сè. Таа е преглед на сето она интересно што доаѓа.
Ајнштајн изјавил дека фантазијата е поважна и од знаењето! Вашата имагинација однапред ја одредува вашата иднина. „Вистинскиот знак за интелигенција не е знаењето, туку фантазијата“
Сите образовни системи имаат иста хиерархија на наставни предмети. Сите системи, каде било во светот. На врвот од хиерархијата секогаш се математиката и јазиците, а на дното е уметноста. Секаде во светот! И скоро во секој систем постои хиерархија внатре во уметностите. Сликарството и музиката обично добиваат поголем статус од театарот и танцувањето/играњето.
Уметноста силно влијае на развојот на детските естетски чувства и на воспитување на вкусот. Тоа доаѓа оттаму што детето сака сè што е убаво. Уште од раното детство, детето е заинтересирано за уметноста и за сите нејзини видови. Таа универзалност на естетско забележување има многу сличности и со универзалноста на детските естетски активности. Не постои дете кое не сака да црта, рецитира, глуми, игра, да конструира или ваја, да пее и музицира. Секое дете има право и можности да ги развие своите чувства за убаво и уметничко.
Како тоа го прави Словенија?
Израел подржува центри за уметност кои реализираат дел од програмата на образовниот систем.
Што се случува во нашиот образовен систем?
Учениците слабо ја развиваат уметничката и културната писменост. Така не можат и да формираат вредносни ставови. Потребно е отворање на центри за поддршка на уметноста (можат да се користат и постојните центри за култура). Нивна задача би требало да биде да ги подржуваат училиштата во нивната редовна програма но и воннаставните активности, да им помагаат на наставниците и семејствата. Во тие центри треба да се дава голема поддршка на темите од драмската, музичката и ликовната уметност. Танцувањето, драмата, балетот, филмот, дизајнот, фотографијата… се запоставени во програмата. Овие центри ќе работат и со талентираните ученици и ќе ги препознаваат, ќе бидат дополнување на работата на наставникот и наставната програма.