Што значи зборот школо изворно, од каде тој ни дошол и како се здобил со она што тој сега значи?  Одговорот на прашањето за изворното значење и за потеклото на зборот школа не е така едноставен. Тоа е старогрчки збор   (scolh) кој во хрватскиот речник значи „мир, доколица, починак, одмор, слободно вријеменаука, предавања, слушачи, спорост, полагано..“.

Првобитното, изворното значење на зборот школа е – мир, починка, слободно време. Значи, схоле е начин на исполнување на слободното време по мера на човекот и достојно за него. Тоа е начин за отворање на човекот на врвните сфери на опстојувањето, за човекувањето во и преку науката, филозофијата, уметноста, физичкиот и умствениот натпревар, кој ќе доведе до нив и бескрајно многукратно ќе го збогати неговиот живот, неговата содржина, радостите што тој ги дава, ги создава, ги умножува. (Јонче Јосифовски)

happy-pupils-school-37565244

ВИСТИНСКИТЕ УЧИТЕЛИ немаат ниту род, ниту раса, ниту нација, ниту вера – тие се од родот на учителите, и од учителската нација и вера.

Во текот на средниот век никој не можел да биде учител додека не добие право од наставник кој го поучувал повеќе години. Тоа добивање на право на држење настава, на предавање, по некој стар обичај било пропратено со церемонија.

Чинот на примањето во заедницата на наставниците се викал inceptio (почеток). Како што мајсторот му давал на својот калфа право да учи во неговиот еснаф, како што за влез во заедницата на витезите постоела церемонија, така исто било и со учителската работа која се сметала за еден вид интелектуално витештво. Учител можел да биде само оној кој од учителот-мајстор ќе  добие licentia docendi (право на предавање). Дури со добивањето на licentia docendi учителот ќе може да влезе во заедницата на учителите, односно да биде „пуштен” на inceptio.

TT43_freedom-school_outdoor-circle