Ова што следува е известување што наставничка од градинка го испраќа до родителите на почетокот на учебната година, со кое ги информира за методот по кој нивното дете ќе го совладува пишувањето на буквите во текот на годината.

Драги родители,

За време на престојот во градинка вашето дете ќе учи да ги пишува буквите од азбуката, но најверојатно тоа нема да биде на начин на кој вие сте учеле или на кој, можеби, другите деца учат денес. Нашето училиште ја има усвоено програмата за пишување Д’Нил (D’Nealian Handwriting Program).

Стариот метод на крукчиња и цртички, веројатно оној по кој вие сте учеле во училиште, се покажа претежок и фрустрирачки за поголем број деца. Искуството од неговата примена е негативно, зашто децата требаше да го напуштат овој систем во третото одделение и да започнат со изучување сосема нов систем – ракописното пишување.

Програмата на Д’Нил користи модификувана и упростена азбука. Буквите, всушност, се многу слични на ракописните. Буквите не само што изгледаат различно туку и начинот на кој децата учат да ги пишуваат е исто така различен. Наместо крукчиња и стапчиња, вашето дете буквите ќе ги пишува како целина со непрекинати движења. Наместо исправени и легнати линии, вашето дете ќе пишува закосени букви, спонтано совладувајќи го пишувањето.

Овие мали измени доведуваат до големи резултати. Најголемиот дел од децата што го користат овој метод успеваат да научат да пишуваат брзо и без потешкотии. Исто така, кај нив не претставува проблем подоцнежниот премин кон ракописно пишување, зашто тие ја имаат основата: континуирани движења, закосени букви.

Поради сето ова ние ја избравме програмата за пишување на Д’Нил. Кога ќе му помагате на вашето дете дома, ве молам да го имате предвид приложениот модел на азбука за правилно пишување на буквите.

Со почит,

Потпис на наставникот

CV1BgBGWIAAlgUT

Од книгата Основното образование во САД (Сузана Миовска Спасева, 2009)