УЧИТЕЛОТ КОЈ ЗНАЕШЕ ДА СВИРИ НА ЕДНА ЖИЦА

Во некои интензивни моменти во животот, кога работите и не одат баш така како што сме замислиле, планирале и посакувале, или не одат со посакуваната брзина, треба да се присетиме на анегдотата за Паганини. Овој виолински виртуоз ја воодушевил публиката со својата маестралност за свирење, но и со фантастичниот дух и брилијантната импровизација. На еден концерт, пред полна сала, изведувал прилично тешко дело. Опкружен со цел оркестар, уживал во сопствената музика кога во последниот дел од концертот му се скинала една жица на виолината. На лицето му се појавила загриженост, и иако забележливо лут, продолжил да свири без да престане, со прекрасна импровизација. После неколку секунди му пукнала и втората жица. После кратко време и третата жица. Три жици виселе од виолината на мајсторот додека тој и понатаму го водел своето дело кон крајот, свирејќи на една, единствена жица.

Паганини го завршил своето дело, публиката скокнала на нозе, давајќи му овации на брилијантниот уметник, уште повеќе аплаудирајќи му на неговата ладнокрвност, снаодливост и импровизации за да го заврши делото во услови кога тоа веќе и не било возможно. Откако овациите стивнале, Паганини ја замолил публиката да седне и иако сите знаеле дека не е можно да очекуваат бис, сите до еден послушно се вратиле на своите места. Паганини ја дигнал виолината за да може целата публика да ја види, му климнал со главата на диригентот и за миг го започнал своето дело кое го нарекол „Паганини на една жица!“

На својот едножичен инструмент Страдиваријус ја отсвирил завршницата на концертот додека публиката со чудо гледала како пред нивните очи невозможното во занесот на духот станува возможно.

Сеќавајќи се на оваа анегдота, сфаќаме дека нашите животи, колку и да се исполнети со проблеми, грижи, разочарувања и сите останати пријатни  пропратни појави не мора да значи дека се и тоа.

Поминуваме најголем дел од времето концентрирајќи се и грижејќи се за жиците кои се скинале или испукале. Жиците кои не можеме во истиот  момент да ги поправиме  и промениме. А забораваме дека секогаш постои една жица која се уште е исправна. Секогаш постои барем една исправна жица за која вреди да се фатиме, со која вреди да се импровизира.

Бидејќи и една жица е доволна за создавање на преубава музика на животот. Затоа, кога мислите дека ви е тешко, фатете се  за онаа единствена жица и создавајте ја својата мелодија која ќе ве воздигне до неслушнати висини и ќе предизвика овации.Овации кои ќе покажат дека невозможното со занесот на духот и срцето се претворило во возможно.

MI0001157403

Превод од: http://www.vox-magazin.com/mudre-izreke-poslovice-i-price/237-jedna-zica-prica-o-istrajnosti

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: