ПОМНЕЊЕТО СЕ НАОЃА ВО СРЦЕТО И ДУШАТА

Аристотел бил уверен дека помнењето се наоѓа во срцето и дека таму се складираат сеќавањата. Платон, во 400 г.п.н.е., сметал дека помнењето се наоѓа во душата и личи на восочна плочка: „...тоа што ќе се втисне во неа, на тоа ќе се сетиме. Ако нешто се избришало или не успеало да се втисне, таа работа ја забораваме и не ја знаеме“.

Една од најважните задачи на образованието е да укаже на емоциите. Во англискиот јазик има еден израз “I am moved“ (ме допре во срцето). Кога тоа ќе го кажете тоа значи дека сте доживеале искуство и нема да го заборавите после три дена. Значи, ако учителот ве „допре во срцето“ тогаш ученикот се наоѓа во фаза на раст и напредува. Целото тело учи и памти. Кога нешто ќе не допре во срцето стануваме воодушевени, возбудени, разиграни. Фокусирани сме и сакаме уште, а всушност тоа е задачата на учителот – да поттикне, да инспирира во нас желба за учење. Занесот се поврзува со внатрешната топлина.

1162532-bigthumbnailЦелиот мозок функционира на 10-тина вати (W). Какви неверојатни подвизи се постигнуваат со толку малку сила. Со само 10 вати сила, мозокот може да пресметува повеќе математички операции од сите компјутери заедно на светот.

Еден визионер и напреден учител, вели: „Ќе бидеме толку самостојни, во времето и вечноста, колку ни овозможиле нашите навики.“ Нема ништо тајно во природата на нечиј карактер. „Карактерот се открива преку намерите кои се исполнуваат преку научените зборови и дела, а не преку повремените добри или лоши дела.“

Пред околу 100 години, психологот Вилијам Џејмс ги наговестил молекуларните основи на навиките со следните зборови: „Кога младите би можеле само да знаат како ќе добијат мноштво навики, ќе го свртат многу повеќе внимание на своето однесување во конкретни случаи. Ние сме тие кои си ја ткаеме својата судбина, на добро или зло, но никогаш неутрално.

Секој, дури и најмалиот потег на доблест или пак порок, остава своја трага која никогаш не е безначајна. Многу луѓе имаат изговор за секоја нова запоставена должност со зборовите: „Ова не го бројам.“ Тој не мора да ја брои, но таа е веќе вброена. Некаде помеѓу неговите нервни ќелии и влакна, молекулите ја вброиле, регистрирале и потхраниле, како би ја употребиле против него кога ќе наиде следното искушение. Во буквална научна смисла, ништо не излегува од мозокот што некогаш сме сториле.

Флоу (FLOW) – доживување

Тезата за флоу-доживувањето ја развил американскиот психолог Mihaly Csikszentmihalyi. Во своите проучувања тој поаѓа од човековите активности за кои е неспорно дека се обавуваат под дејство на висока мотивација. Такви активности се шах, алпинизам, компонирање музика, хирургија и сл. Во овие активности тој гледа најголема сличност помеѓу играта и работата. Луѓето за време на овие активности чувствуваат посебно „екстатичко“ (слично на екстаза) возбудување или обземеност. Ова чувство  Mihaly Csikszentmihalyi го нарекува Флоу – доживување (англ. Flow – тек, проток, плима). Станува збор за силна концентрација на внимание, во исклучување на другите дразби освен оние кои се однесуваат на самата активност.

Полето на сензорната стимулација се снеснува, личните проблеми се потиснуваат, исчезнуваат грижите и анксиозноста, и наместо нив се појавува флоу – доживувањето, кое всушност ја бриши границата помеѓу себе и околината. На пример: алпинизамот е добра илустрација. Иако алпинистот доживува напор, ладно, разреден воздух и слични неугодности, алпинистот е високо мотивиран. Што го мотивира алпинистот? Самото доживување кое протекува низ организмот додека е човекот во акција.  (Csikszentmihalyi, 1975).

Csikszentmihalyi, смета дека субјектите кои се занимаваат со активности за кои се внатрешно мотивирани имаат развиено чувство за самопочитување, повисоко ниво на уживање во работата и развиено чувство за солидарност со другите. Додека  однесувањата и активностите на субјектите засновани на надворешен притисок, хиерархија, послушност и надворешно наградување, ги прати чувства на несигурност, фрустрација и отуѓеност.

Csikszentmihalyi, се залага феноменот на мотивација да се толкува мултифакторски, но воедно предупредува дека за науката овој метод  на мултифакторска редукционистичка комбинаторика е неуверлив.

На пример компонирањето музика. Тоа е активност која бара висок степен на способност и талент. Додека компонира музичарот реализира свои активности и когниција, тој има јасни цели и повратна спрега за тоа што компонира. Кога седи на клавирот, композиторот се концентрира на композицијата и со целото свое тело го следи текот на мелодијата која ја изведува на клавирот. Парадоксот на контролата му се јавува бидејќи не чувствува дека во собата е ладно, дека треба да го вклучи светлото или дека некој влегол во собата. Контролата ја насочува само на инструментот и мелодијата која ја создава. Парадоксот е во тоа што тој не ги чувствува останатите елементи кои треба да ги контролира. Намалено е нивото на самосвест, што значи дека композиторот заборавил на себе, на часовите седење, и дека е премногу гладен или жеден, едноставно тој целосно се концентрирал на мелодијата. Освен тоа го загубил чувството за време и простор во кое се наоѓа. Овакво ниво на обземеност или екстатичка состојба има доживеано скоро секој човек на една или повеќе активности.

FlowЗа тоа најдобро зборува шемата, во која е прикажано како напредувањето во учењето може да прерасне во флоу-доживување.

Оваа шема покажува како настанува флоу-доживувањето во текот на учењето. Конкретно оној кој учи тенис ќе почувствува флоу кога ќе стартува со учењето (А), кога првиот пат ќе го префрли топчето преку мрежата и слично. Меѓутоа, кога ќе воочи дека ќе мора стотина и илјада  пати да ги повтори движењата, тогаш настапува чувство на досада, гњаважа …(B1). Ако при тоа доживее неуспех или стагнација, може да се јави страв или анксиозност (B3,B4). Успехот во обуката може да се прикаже со давање споредба на почетокот и оствареното до сега, споредување на претходните и актуелните резултати, а тоа води кон градење на чувството за напредок , овладување и уживање во тенисот како спорт (C).

screenshot_01-3-400x400

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: