КИНЕСКАТА МАЈКА

Луѓето често се прашуваат како кинеските родители успеваат да ги воспитаат своите деца многу успешно преку еден стереотипен и традиционален начин. Се прашуваат што прават тие родители за да создадат толку дисциплинирани ученици, работници, генијалци по математика, музички виртуози, какви се тие семејства и дали и тие би успеале.

pengzhou-china-mother-son-motorbike-little-chinese-boy-his-flash-v-sign-riding-their-along-country-road-35166447Поимот „кинеска мајка“ се употребува во широка смисла исто како и „западни родители“. Постојат различни типови на западни родители. Нивните воспитни стилови се значително разликуваат од стиловите на кинеските родители. Некои се строги, некои се благи. Некои родители се и од ист пол, некои самохрани родители, има родители на ортодоксни Евреи, банкари или воени лица, некогашни хипици… Сите се различни и кога ќе се каже „западен родител“, не се мисли на сите нив, исто како што и кога ќе се каже „кинеска“ мајка, не се мисли на сите мајки од Кина.

Во секој случај, дури и кога се мисли дека се строги, западните родители во главно не се ни блиску до строгоста на кинеските мајки. На пример, родители од запад, кои за себе тврдат дека се строги, ги тераат своите деца да вежбаат свирење по половина час на ден. Најмногу еден час. Кинеската мајка првиот час го смета за загревање. Дури вториот и третиот се доволни за тој ден.

Постојат многу истражувања кои потврдуваат изразени и мерливи разлики во воспитните стилови помеѓу Кинезите и западњаците. Во едно такво истражување учествувале педесет мајки Американки и четириесет мајки на кинески имигранти. Скоро 70% од Американките се согласуваат дека „инсистирањето на академски успех е лошо за децата“ или дека “родителите треба да им покажат и прикажат на децата дека учењето е забавно“, наспрема тоа, буквално ниту една кинеска мајка не изразила сличен став (0%).

Во едно друго истражување, се покажало дека кинеските родители, во споредба со родителите од запад, поминуваат десетпати повеќе време во вежбање на училишните содржини со своите деца. Од друга страна, децата од запад често се вклучуваат во спортски активности.

И сега се доаѓа до најважното. Ако помислуваме дека американскиот спортски тип на родител е сличен со типот на кинеската мајка, многу се лажеме. За разлика од просечната, западна мајка која својот млад фудбалер го пренатрупува со бројни задолженија, просечната кинеска мајка верува:

  1. Дека училишните задачи мораат да бидат на прво место
  2. Дека 5- е лоша оцена
  3. Дека нејзините деца мораат да бидат две години понапред пред своите врсници по предметот математика
  4. Дека не смее никогаш јавно да ги фали своите деца
  5. Дека секогаш мора да биде на страната на наставникот или тренерот ако дојде до несогласувања помеѓу нив и нивните деца
  6. Медалот кој ќе се освои треба да биде златен.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: