За да ги заштитат своите интереси, својата егзистенција и своите права и за да можат успешно да се борат против појавата на неквалификувани и бескруполозни наставници, учителите почнале да се здружуваат во заедници. Во текот на средниот век никој не можел да биде учител додека не добие право од наставник кој го учел повеќе години. Тоа добивање на право на држење настава, на предавање, по некој стар обичај било пропратено со церемонија.

Licentia docendiЧинот на примањето во заедницата на наставниците се викал inception (почеток). Како што мајсторот му давал на својот калфа право да учи во неговиот еснаф, како што за влез во заедницата на витезите постоела церемонија, така исто било и со учителската работа која се сметала за еден вид интелектуално витештво. Учител можел да биде само оној кој од учителот-мајстор ќе  добие licentia docendi (право на предавање). Дури со добивањето на licentia docendi учителот ќе може да влезе во заедницата на учителите, односно да биде „пуштен” на inceptio. Така, licentia и inception претставуваат два степена што требало да се стекнат за да се добие правото да се предава. (E.Durkheim, L’evolution pedagogue en France, Paris, 1938.)

Во една од препораките на извештајот „Модернизација на високото образование“ на Европската комисија за подобрување на наставата во високото образование се сугерира задолжителен сертифициран педагошки тренинг за сите кои се дел од високото образование во Европа. Трудот објавен во научното списание „Journal of the European Higher Education Area“ зборува за можната реализација на ваквите сертифицирани тренинзи за професорите на факултет.

Европската научна фондација вели дека одличните наставници се создаваат, а не се раѓаат. Последните трендови во високото образование во Европа го сврти вниманието на наставата и она што го добиваат студентите. Во Европа ова значи дека студентите, независно каде се наоѓаат, мора да добиваат исклучително знаење.

Препораките на OECD – UNESCO, Европските стандарди за процесот Болоња, како и „INAQAAHE“ препораките се во насока за обезбедување на квалитетни институции во смисла на исплатливоста/рентабилноста и во насока на обезбедување на автономијата.

На глобално ниво многу земји воспоставиле институционални практики за подобрување на квалитетот на предавањата и наставата воопшто, но сепак ова не е случај со цела Европа. Во извештајот на Европската комисија се акцентирани неколку препораки меѓу кои и тоа секоја институција да развие и имплементира стратегија за поддршка на квалитетот на наставата. Но и препораката сите кои предаваат и се дел од наставата на универзитетите до 2020 година да добијат сертифициран педагошки тренинг. Наставниците треба да добиваат континуирана професионална едукација за предавање во високо образование.

Во извештајот се споменуваат начините како тоа би можело да се имплементира во високото образование без да се наруши автономијата на универзитетите и да се одбегне отпорот што ќе го имаат професорите кон оваа мерка.

Извор : http://www.ehea-journal.eu

http://www.ehea-journal.eu/index.php?option=com_docman&task=doc_details&gid=403