На човекот не му е тешко да ги запомни чувствата, доброто расположение и трагедиите. Тие самите се помнат. Но, во училишната програма нема лична содржина што би ни била толку многу важна и често кон неа се однесуваме рамнодушно.
Талентираните наставници умеат да ги претстават научните факти на интересен и остроумен начин или неочекуван начин.
Но за жал во образованието сè мора да се измери и оцени. Тоа е таа победа на формалистичката диктатура и нејзините застапници. Прашањето е како денешното образование ќе се трансформира од систем на закани во систем на задоволство.
Поделбата на учениците на добри и лоши е ненаучна. Таквите класификации се штетни за сите. Нема добри и лоши, туку постојат ученици кои учат побрзо и оние кои учат побавно.
Брзината на учење не може да биде мерило за квалитетот на знаењето, бидејќи и учениците кои побавно учат можат да стекнат знаење со истиот квалитет, како и оние кои учат побрзо, само доколку им се остави доволно време и ако им се помогне како што треба. Тогаш и тие ќе ги стекнат комплексните и апстрактните содржини со ист квалитет. И тука никој не заостанува.
Овој теориски модел т.н Мајсторко учење – Mastery learning, се смета за најуспешен модел на учење. Истражувањата кој ги правел John B. Carroll and Benjamin S. Bloom покажале дека 95% од учениците можат да постигнат приближно ист успех во учењето доколку: (1) им се овозможи доволно време, (2) и ако им се овозможат услови спрема нивните ментални и други потреби. Во спротивно разликата во успехот во текот на школувањето ќе се зголемува, наместо да се намалува.
Способностите на учениците за учење, секако, не се исти. Но намалувањето на разликите можат уште на почетокот да се согледаат и можат да се намалат или елиминираат доколку причината е во социјалните, семејните или образовните можности.
Оценувањето има смисла само тогаш кога е праведно и одговорно. Но човековата совест често застанува, па се случува драстично и алармантно да се деградираат и девалвираат учениците, наставниците, училиштата.
Постои една теза во педагогијата дека компетенциите за 21 век се намалуваат со должината на траење на образованието, колку подолго трае школувањето помали се компетенциите за 21 век.