„Јас сметам дека секој човек е должен да прави секогаш добро на својата земја, инаку не знам во што би била разликата помеѓу човекот и животните“ (Џон Лок)
Главното педагошко дело на Џон Лок е „Мисли за воспитанието“ создадено во периодот од 1683-1689 г. Тоа е единственото класично дело за воспитанието во англиската педагогија. Под поимот „воспитание“ Џон Лок подразбира збир од сите надворешни влијанија. Но, секое дете има и особини кои не можат да се променат од основата на раѓањето: „Ние се раѓаме со способности и моќ кои можат сè, дури со нив можеме да отидеме и подалеку од тоа што можеме да замислиме; ништо друго освен употребата на овие сили не може да не однесе до совршенството.“ Затоа, тој ги посочува вредностите на селанецот, вештината на музичарот и учителот, и вели: „Како што телото правилно го вежбаме, така исто е и со духот; со вежбање ќе го постигнеме она што треба да биде; секое совршенство за кое сметаме дека е природна дарба, ако сериозно ја испитаме, е плод на многу вежбање, постигнато со повторување на истите работи.
Јас не порекнувам дека природниот дар е почеток на совршенството, но тој без вежбање не може да не однесе далеку; напротив, само заедно може да ги однесе духовните и телесните сили до совршенство, и затоа недостатоците и слабостите на човечкиот разум и останати способности доаѓаат од погрешната употреба на духовната моќ“.
“Nec literas didicit nec nature” „Ниту знае да чита ниту да плива“. Оваа изрека ја зеле Римјаните од старите Грци и служела како знак за не добро мислење за човекот.
„Навиката не е ситница“.
“Maxima debetur puero reventia” „На децата им должиме најголемо внимание“
“Omnia vincit amor” „Љубовта ќе победи сè“