ЕДНА НАВИКА СЕ МЕНУВА САМО СО ДРУГА НАВИКА
Децата се помалку време поминуваат на отворено, тие помалку се на свеж воздух и сонце. Во едно истражување на родители и деца на возраст од 5-16 години, се забележуваат следните состојби:
- децата денес поминуваат еден час па дури и помалку на отворено во текот на денот, а 1 од 10 деца не излегува и не си игра на отворено.
- децата и младите на возраст меѓу 5-16 поминуваат во просек од 6,5 часа на ден пред некаков екран.
- времето поминато на компјутерски игри (66%), или гледање телевизија (83%) во најголем дел се игри со насилство и несоодветност за возраста на децата (34%).
- три четвртини (73%) од родителите се среќни и им дозволуваат на своите деца да гледаат телевизија сами, а 56% од нивните деца играат на компјутер без надзор.
- 51% од родителите не дозволуваат децата да си играат сами на отворено без надзор на возрасен или заради тоа што ќе се извалкаат.
- само 16% од мајките и татковците би дозволиле своите деца да си играат во градината без надзор, додека 26% ќе им овозможат да направат неуредни активности без надзор.
Се помалку се фаворизираат детските забави и активности на отворено, се помалку се вози велосипед, за жал и се помалку се инвестира во современи и креативни игрални на отворено.
Треба да ни се прости на сите нас што мислиме дека во главите на децата не се случува нешто многу повеќе од нашите глави – по принципот дека во мала кутија и малку собира – но вистината е, всушност, спротивна. Со некоја бизарна игра на биологијата, во главите на нашите деца има далеку повеќе отколку во нашите.
Порано се сметало дека развојот на мозокот зависи од гените наследени од родителите, и дека опкружувањето има само ограничено влијание. Денес се знае дека вистината е многу посложена. Развојот на мозокот е всушност под големо влијание на заедничкото делување на гените и непосредната околина. Нашата интеракција како со светот воопшто така и поединечно со луѓето кои водат грижа за нас влијаат на самата градба на мозокот.
Луѓето од сите видови примати се најосетливи на непосредната околина. Околината го обликува нашиот мозок многу повеќе отколку што е случај со другите примати. Некаде околу 75% од развојот на човечкиот мозок се одвива надвор од мајчината утроба и директно е под влијание на непосредната околина.
Др Вилијам Седлер вели дека востанувањето на навиките во буквална смисла претставуваат патување во нашиот нервен систем. Тој не потсетува дека честото повторување на истите мисли, чувства или акции ја зацврстуваат оваа патека, исто како чекорите во патека снег.
Логичен е заклучокот, дека, секоја мисла, чувство или акција која се повторува, продуцира физички и хемиски промени во нашите нервни патувања, било на благослов било на проклетство. Размислите само за импликациите на овој факт на нашето ментално и емотивно здравје и на образованието на нашиот карактер.
„Тоа што детето го гледа и слуша, остава длабоки траги во нежниот детски ум, кои подоцна никакви животни околности не можат во потполност да ги избришат…Повторувањето на одредени дела создава навики. Тие можат да се модификуваат во сериозни вежби во текот на животот, но ретко кога во потполност ќе се променат.“
Навиките создаваат прилично трајни патишта во мозокот. Освен во случаи кога дотичниот пат нема да се користи со години, навиката од мозокот не може да се избрише. Навиките можат да се совладаат со создавање на други навики кои се посилни од оние кои сакаме да ги отстраниме.
Секој, дури и најмалиот потег на доблест или пак порок, остава своја трага која никогаш не е безначајна. Многу луѓе имаат изговор за секоја нова запоставена должност со зборовите: „Ова не го бројам.“ Тој не мора да ја брои, но таа е веќе вброена. Некаде помеѓу неговите нервни ќелии и влакна, молекулите ја вброиле, регистрирале и потхраниле, како би ја употребиле против него кога ќе наиде следното искушение. Во буквална научна смисла, ништо не излегува од мозокот што некогаш сме сториле.
Секако дека ова има свои добри и лоши страни. Како што со често повторување на пиењето стануваме алкохоличари, така исто и стануваме свети во моралната сфера, во авторитетот, и експерти во практична и научната сфера, со мноштво поединечни дела во часовите поминати во работа.“