Д-р Кинет Доџ (Dodge), професор на Универзитетот Дјук, долго се бавел со прашањето на телесното казнување на децата, заклучил дека телесното казнување ги прави децата уште по агресивни. Овој професор спровел истражување на 453 деца следејќи ги од предучилишна возраст до крајот на средното образование. Своите резултати кои ги презентирал на една конференција не ги импресионирало луѓето.
Кога родителот се обидува да го поучи своето седум годишно дете дека е погрешно да омаловажува, да удира некого, да отфрла, да шири гласини, со тоа тој буквално се обидува на детето да му ги одземе едни од најважните инструменти на општествената доминација. „Таквото однесување во групата на врсниците се наградува“. Сè додека детето го привлекува општествениот статус, сè дотогаш ќе ги руши пораките на родителите. Децата знаат дека родителите тоа го сметаат за погрешно – за тоа слушаат од мали. Но, и понатаму се враќаат на таквото однесување заради начинот на кој реагираат неговите врсници – наградувајќи го агресорот со почитување и влијание.
Прашањето е зошто е тоа така. Зошто децата не се тргаат на страна од агресивноста на врсниците? Зошто има толку полно агресивни деца кои се во центарот на општественото влијание и така високо се почитувани?
Има две причини за тоа. Прво, агресивното однесување, како и многу други видови на кршење правила, другите деца го гледаат како отпор или спротивставување кон возрасните, со што агресивното дете делува самостојно и постаро – тоа им се многу посакувани карактеристики на децата. Детето кое секогаш ги задоволува очекувањата на возрасните и ги почитува нивните правила, ризикува другите деца да го видат како „слабич“.
Втората причина зошто агресивните деца можат да ја задржат општествената моќ е тоа што – како што и помалку агресивните деца не се ангели – така и агресивните деца не се ѓаволи. „Голем број научници кои го истражуваат однесувањето на луѓето, гледаат на просоцијалната и антисоцијалната страна како на два краја на истиот стап“, објаснува проф.Патришија Холи (Hawley) од Универзитетот во Канзас.
Во каноните за детскиот развој, долго време важеше дека вистински социјално компетентното дете не е агресивно. Холи ја доведува во прашање таквата ориентација. Таа проучувала деца од градинка до средно образование. Директно се занимава со тоа како едно дете го наведува другото дете да направи нешто по негова желба – дали преку љубезност, просоцијално однесување или антисоцијални постапки – по пат на закани, насилство, закачувања и сл. Резултатите покажале дека и наспрема очекувањата дека децата со висок степен на просоцијално однесување ќе имаат помалку антисоцијални постапки и спротивно, заклучоците покажале дека исти деца се одговорни и за едниот и за другиот начин – и за добрите и за лошите постапки. Тие деца едноставно се во центарот на случувањата. Холи овој тип деца кои ги користат како просоцијалните и антисоцијалните тактики за да го добијат она што го посакуваат ги именува како „бистратешки контролори“. Тие деца гледаат дека правилната употреба на љубезноста и суровоста се ефикасни средства за моќ: трикот е во постигнување во ефикасна рамнотежа и правовременост на примената. Оние кои ќе ги совладаат вештините на наизменичното користење на тие две стратегии стануваат омилени меѓу децата и меѓу наставниците (кои ги оценуваат како многу мили и добро прилагодени).
Податоците на Холи укажуваат дека барем едно дете меѓу десет се вклопува во овој бистратешки опис. Инспирарни од овие истражувања многу научници работат на ова и сметаат дека бројките се едно дете меѓу шест. Холи видела дека денес бистратешките деца се успешни, и во училиштето и во животот.