Иако искреноста се почитува, резултатите од истражувањата се јасни: најголем дел од класичните стратегии кои промовираат искреност, само ги поттикнуваат децата повешто да лажат.
Децата лажат, бидејќи учат од нас!
Родителите треба да го самоанализираат значењето на искреност во сопствените животи. „Ние експлицитно не им кажуваме на децата да лажат, но тие гледаат дека лажеме. Тие забележуваат и гледаат како се фалиме и лажеме за некои наши интереси“.
Едно истражување како децата се однесуваат кога отвораат подарок кој не им се допаѓа. Очекуваме од нив да ги проголтаат сите свои искрени реакции – лутење, разочараност, фрустрација и љубезно да се насмевнат. Подарокот бил еден обичен сапун. Откако на децата им било дадено одредено време да го надмината шокот, истражувачот ги прашува колку им се допаѓа подарокот. Истражувачот ја тестира детската способност за вербално изразување на доброчудното лажење, и во исто време како децата ја контролираат разочараноста преку говорот на телото. Околу ¼ од предучилишните деца лажат дека подарокот им се допаѓа и ½ од децата во основно училиште.
На прашањето зашто ви се допаѓа сапунот? Децата се мрштат, гледаат во сапунот, никако не го гледаат истражувачот во очи…
92% од петгодишните деца одговориле дека лажењето е лошо. А кога се прашани зашто лажењето е лошо, најголемиот дел од нив одговориле заради казната која следува. Во таа смисла малите деца го разбираат ризикот на лажење само во светло на сопствената заштита. Потребни се години за децата да можат да го разберат лажењето на ниво на моралот.
Се до 11 година најголемиот број деца не се свесни за негативното влијание од лажењето врз другите. Во тој период, 48% рекле дека лажењето е проблем бидејќи ја уништува довербата, а 22% рекле дека лажењето носи со себе чувство на вина (грижа на совеста). Дури и тогаш, 1/3 рекле дека лажењето е проблем само заради казните кои следат…