ЗОШТО СИНДРОМОТ „ТУЖИБАБА“ Е ПОПРИОРИТЕН ПРОБЛЕМ ОД МНОГУ ДРУГИ ПРОБЛЕМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО?

Познатата приказна „Детето кое викаше – волк, волк, волк!“ која се раскажува ширум светот, всушност никако не влијаела за намалување на лажењето кај луѓето, посочуваат многу истражувања. Дури после слушањето на приказната, се лаже повеќе.

Кога детето тргнува на училиште, причините за неговото лажење стануваат посложени. Казната е примарен катализатор за лажењето, но како децата ја развиваат емпатијата и стануваат свесни за општествените односи, почнуваат да ги анализираат и лагите на другите. Во основното училиште „чувањето на тајната станува значаен дел на другарството – па така и лажењето може да стане дел од тоа“.

Учителите во предучилишните установи и основните училишта одговориле дека синдромот на „ТУЖИБАБА“ е голем проблем во нивната работа. Затоа, овие години една од најголемите програми за обука на учителите во САД ја рангираат оваа појава кај децата како еден од првите пет проблеми во училницата.

тужибабаСиндромот на „тужибаба“ добива одреден научен интерес. Заклучоците се дека девет од десет пати кога детето ќе дотрча до родителот да се пожали, тоа дете е целосно искрено. И додека на родителите може да им се чини дека жалбите се постојани и непрестануваат и дека тоа е нормална појава, тоа за децата не е така. На секој обид кога детето бара помош од родителот, следат четиринаесет други примери кога му е нанесена неправда и кога не дотрчал до родителот за помош. Всушност детето толкува во себе „престани да ми ги носиш проблемите!“ Според резултатите од едно друго истражување, родителите десет пати почесто ги казнуваат децата кога се жалат, отколку да го казнат детето кога лаже.

Етикетирањето дека некој е тужибаба, е нешто кое на децата може да биде најтешкиот проблем кој им се случува. Според тоа, детето кое размислува дали да пријави проблем кај возрасниот, не само што се соочува со осудување бидејќи е предавник, тоа е еквивалентно на училишна смртна казна – острацизам (кога некој се исклучува од заедницата на другарството) – така детето секогаш ќе се присетува на зборовите на родителот и учителот кои велат „Реши го тоа сам“.

Многу истражувања покажуваат дека 96% од децата ги лажат своите родители, и никако тоа се уште не е тема и приоритет на родителските средби.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: