Додека современите родители многу се грижат за спиењето на своите бебиња, оваа грижа постепено ја снемува од листата на приоритети како децата растат. Дури децата во предучилишните установи спијат помалку од поранешните генерации.

Како што постојат многу видови семејства, така постојат и многу причини зошто е намалено спиењето кај децата. Преголемиот распоред на активности, преопширните домашни задачи, секогаш различното заминување во кревет, телевизијата, компјутерите, мобилните телефони – сè тоа има големо влијание.

Денес, ширум светот, децата спијат еден час помалку отколку децата пред триесет години. Која е цената што сите ја плаќаме: понизок коефициент на интелигенција, лошо расположение, нарушување на вниманието, хиперактивност, гојазност.
Според еден извештај од 1997 г., децата на возраст од 3-5 години во текот на ноќта спијат нешто помалку од 10,8 часа, додека децата од 6-8 години спијат 10,1 час. Во 2004 година спиењето во просек е 9,5 часа. Во текот на првото одделение, 60% од децата спијат во просек околу осум саати. Во текот на второто одделение, просекот е околу 30%.

Baby-Saleeps-Anywhere (1)94% од средношколците самите си го одредуваат времето кога треба да заминат на спиење.
Повеќе од половината сообраќајни несреќи кои ги направиле млади луѓе причината била поспаноста. Во Минесота, само што го промениле времето за почеток на првиот час за еден саат (од 7.30-8.30) учениците имале подобри резултати.
Голем број научници веруваат дека проблемот на спиењето во текот на развојните години може да биде причина за трајни промени во структурата на детскиот мозок – оштетувања кои не можат да се поправат со спиење, како што е на пример мамурлакот. Дури одредени главни карактеристики на предтинејџерите и тинејџерите – мрзоволноста, депресијата, прејадувањето – всушност се симптоми од хроничен недостаток на спиење.
Спиењето кај децата е квалитативно различно од спиењето на возрасните, бидејќи децата поминуваат до 40% од своето спиење во т.н бавноталасна фаза (која е десет пати повеќе од возрасните).
Спиењето е биолошки императив за секој жив вид на планетата, но само ние луѓето му се спротивставуваме. Наместо тоа, ние кон спиењето не се однесуваме како физичка потреба, туку како опис на карактерот. Кога ќе признаеме дека сме уморни се смета како знак на слабост. Дека спиењето е за слабите. Но немајте тоа да ве залаже ….НАУКАТА ПРЕДУПРЕДУВА ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ДЕТСКИОТ МОЗОК КОЈ Е ВО РАЗВОЈ, и дека не смееме да продолжиме со овој наш дрзок начин на живеење.

Извор: Po Bronson, Ashley Merryman: Nurture Shock – New Thinking about children, Twelve, Hachette Book Group, New York, USA, 2009.