ЧУВАЈТЕ СЕ ОД УПАТСТВА ЗА ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕЦАТА

Кога човек чита книга за родителство, или некој текст како најдобро да постапи или ако слушнете некој  како зборува за тоа како најновите научни истражувања на некој многу важен универзитет покажале како сите ние, веќе сме неупотребливи, па така и децата го носат проклетството на нашата неупотребливост, бидете многу внимателни. Немојте да  пропуштате од вид дека сето тоа е само нечие мислење. Секогаш имајте на ум дека Вие најдобро ги познавате своите деца и затоа вие треба да донесете конечна одлука за тоа што е најдоброто за нив.

Некои луѓе кои само пренесуваат информации немаат врска со суштината на научните истражувања. И затоа со голема резерва примајте сè кога ви зборуваат дека науката нешто ново „открила“ за децата.

Денес сè стана многу комплицирано. Многу ситни задоволства ги снемува од нашите животи, бидејќи како родители сме преплашени, вознемирени и полни со сомнежи во себе. Очајно сме загрижени да не направиме некоја глупост па да згрешиме во воспитувањето на децата. Вистината е дека сите ние понекогаш правиме глупости на еден или на друг начин. И тоа е сосема нормално.

Врз основа на искуствата од илјада деца и двајца синови, еден човек дошол до неколку правила за кои смета дека се најважни во воспитувањето. Овие правила никогаш не застаруваат, ниту е потребно да се доработуваат. Потребно е само да се чуваат во главата, и кога ви се потребни да ги применувате за да се справувате во ситуациите.

ПРАВИЛА

  1. Запаметете добро… ПОЗИТИВЕН ОДНОС, однос, однос
  2. Лесно е да сакаш, не е лесно да се допаѓаш
  3. Децата се пирани 🙂
  4. Хранете го само она што е добро, тргајте се од лошото
  5. На децата им се потребни граници
  6. Бидете доследни (колку можете повеќе)
  7. Не толерирајте безобразност
  8. Морате, морате, морате да имате план
  9. Секое однесување нешто кажува
  10. Оставете бурата да се смири

screenshot_01-3-400x400Однос, однос, однос

Ова е можеби најважното правило од сите. Односот е единственото што останува засекогаш. Оние кои тоа ќе го заборават, на сигурен пат се кон болката. Децата е лесно да се контролираат – стравот може добро да послужи за таа цел. Проблемот е во тоа што децата раснат и на крај престануваат да ви се плашат. И тогаш доаѓа моментот кога тркалото се враќа назад.

Доколку стравот ви е единствениот авторитет, тогаш сте во голема неволја. Многу родители кои сметале дека застрашувањето на децата е најдобар начин за работите да се држат под контрола, всушност се несреќни луѓе. Тоа се можеби и најнесреќните семејства. Целокупната дисциплина треба да се сведе на односот.

Целата смисла на воспитанието е во односот кој се гради со децата, тоа го одредува и нивното однесување и какви ќе станат децата. Вашата најважна задача како родител е да изградите цврст однос со своите деца.

ЉУБОВТА Е ЕДИНСТВЕНАТА ВИСТИНСКА МОЌ ШТО ЈА ИМА РОДИТЕЛОТ

Најважната воспитна стратегија  е изградбата на позитивен однос. Иако родителот не може тоа да го прави сам (за секој однос се потребни двајца!), тоа што може да го прави е во создавањето погоден „терен“ за развој на позитивниот однос. Имајте предвид дека љубовта е единствената вистинска моќ што ја има родителот. Децата нема со тепање да ги натерате да ги прифатат вашите вредности. Морате да ги инспирирате за тоа. На крајот, децата ќе се идентификуваат со својот сакан родител и ќе сакаат да ги копираат неговите најсилни позитивни особини. Ќе се трудат да го задоволат родителот што го сакаат. Кај некои деца може да биде потребно подолго време додека да се покаже тоа, но дури и кај нив ефектите од позитивниот однос се драматични. За да го наведете детето да слуша или тинејџерот да соработува, пред сè морате да создадете околности во кои ќе реши да го направи тоа.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: