Скоро цел еден век, аргументот на Фројд – дека уште од раѓање браќата и сестрите се заробени во вечната борба за наклонетост кон своите родители – имало големо влијание и на научниците но и на родителите. Но, се заклучило дека теоријата на Фројд не е целосна. Ривалитетот помеѓу браќата и сестрите може да има помалку врска со едиповската приказна за родителската љубов а повеќе со Кралот Лир (Кралот кој уживал да верува во празните ласкања, што понатаму предизвикало многу проблеми во кралството).
Што уште e пренагласено? Родителите замислуваат дека разликата во возраста меѓу браќата и сестрите е многу важен фактор. Некои мислат дека е најдобро разликата меѓу децата да биде помала од две години, бидејќи според возраста ќе можат да си играат заедно; другите мислат дека треба да почекаат три или четири години, за да му помогнат на секое дете да ја развие независноста. Но, резултатите од истражувањата се сосема различни и постојат многу спротивности.
Разликата во возраста не е толку значаен фактор. Ниту полот е значаен фактор. Постои нешто поважно кое треба да се знае.
Едно големо истражување ја посочува следната теза: Еден од најголемите фактори на предвидување како браќата и сестрите се сложуваат е одредено од пред раѓањето на помладото дете. На прв поглед, ова е изненадување – како е можно да се предвиди судирот на личности, ако едната личност се уште не постои? Како можеме да го знаеме нивниот однос во иднината? Но, објаснувањето е сосема разумно. Факторот на предвидување е квалитетот на односот на постарото дете со своите најдобри другари.
Откако се истражувале односите меѓу другарчињата, се увидел еден фактор кој се издвојува од сите останати: ЗАЕДНИЧКИТЕ ИГРИ СО ФАНТАЗИЈА. „Игрите со фантазија претставуваат највисоко ниво на општествено ангажирање кај децата“.
За овие игри да бидат успешни, децата мораат емотивно да се посветат еден на друг и да си посветуваат внимание на она што го прават. Мораат да го артикулираат она што го замислуваат. Кога едно дете ќе најави борба со нинџите, а другото посакува да биде каубој или комита, тогаш тие мора да смислат начин на заеднички крај на играта но и на заоѓањето на сонцето.
Да го добиете она што го сакате од родителот е многу лесно. Но, да го добиете она што го сакате од другарот го наведува детето да развива вештини.
Најголемата причина на кавгите е поделбата на играчките. Скоро 80% од постарите деца и 75% од помладите деца рекле дека поделбата на физичките предмети е причина за најголемите кавги.
Родителите постапуваат уште полошо ако само ја прекинат кавгата со зборовите: „Доста беше – доста ми е од вас двајцата!“ На тој начин, родителите го покажуваат истиот вид на себичност, едностран начин на гледање на работите. Дури често се сосредоточуваат на приморување на децата да ги поделат играчките за кои се караат или да го отргнат едното дете од конфликтот – на тој начин децата се лишуваат од можноста да научат да преговараат или почитуваат туѓи потреби.