Треба да се зборува убаво а да се работи чесно

Многу однесувања кои порано биле опишувани и објаснувани како инстикти, всушност се стекнати навики. Меѓу најпознатите експерименти се оние каде мачки и глувци и мачки и птици биле одгледувани заедно. Кога пораснале тие животни не само што се толерирале едни си други, туку покажувале и меѓусебна љубов. Мачките никогаш не ги убиле глувците, а птиците одгледувани со мачките се шетале во лабораторијата заедно на грбот на мачките. Таканаречените инстикти на мачките за убивање глувци и птици не се појавиле. Овие резултати на Watson недвојбено му докажале дека сите однесувања, вклучувајќи ги и бројните активности за кои во минатото се сметало дека се инстиктивни, се всушност научени активности.

СИМЕДОНИЈА (SYMHEDONIA)

СИМЕДОНИЈА (symhedonia) е поим кој се дефинира како „симпатија за среќата на другите луѓе“ (Royzman I Rozin, 2006). Тоа е склоност на човекот да го поддржи другиот, да му помогне во успехот и напредувањето, да се радува на среќата на другиот.Симедонијата не е својствена само за поединците, таа се однесува и на цели народи и цивилизации.

Зошто овој старогрчки поим е важен во воспитанието и образованието?

Happy family moments
Happy family moments

Спознавањето дека припаѓаме на планетата Земја како во едно големо село и дека катастрофата на нуклеарната електрана во Чернобил спречи милиони луѓе да ја наберат салатата од својот двор, влијаеше драстично човекот да се освести дека економски, технолошки и физички зависи од останатите хомо сапиенси на оваа планета.

Треба да се зборува убаво а да се работи чесно

Првото ја покажува совршеноста на умот, а второто совршеноста на срцето, а и двете произлегуваат од  благородноста на душата. Ние не сме потполно свесни што значи – обврска, задолжение, одговорност. Ние ја немаме таа сила тоа да го надминеме. А, тоа е обврската! Затоа и имаме многу неписмени, оти обврските не си ги знаат.

Но, колку и да има во едно време и во еден народ непријатели на вистината и доблеста, од оние кои за вистината и доблеста се залагаат, сојот на совесните, моралните, умните – неискоренлив е! Најдоброто иако е најтенко, се држи жилаво, и нераскинливо е!

Треба да бидеш голем за да се  издигнеш над омразата! И уште поголем за да можеш без омраза, но непоколебливо, одлучно да се спротивставиш на злото на живите, не мразејќи ги, но и не простувајќи им!