Дали ги лажеме децата кога скоро секоја приказна за деца ја завршуваме со реченицата: „И така тие среќно си живееја до крајот на животот!“ И, дали се лажеме и себе кога „среќата до крајот на животот“, премолчено ја подразбираме и во приказните за возрасните!?

Не! Ниту децата ги лажеме, ниту самите се лажеме!

На таквите приказни децата го формираат своето уверување дека сите тешкотии со кои ќе се соочуваат, се повремени, но и можни. Од друга страна возрасниот не се откажува во истрајноста и упорноста да истрае до последен момент во желбата да помогне на другиот и да се бори за правдата.

дарежливо дрвоdd-18dd-25