Овој феномен го анализира Емил Диркем и го објаснува како „недостаток од ограничување на човековите желби кои го водат до исто толку претерани разочарувања“. Суштината на овој вид скршнување е во тоа што личноста станува постојано незадоволна, никогаш не и е доволно. Кај овие личности е присутен изворот на страв од недостаток на доволна (непотрошлива) количина на моќ и пари.

КОЛЕКТИВНА ОМРАЗА  И МАСОВНА КЛЕВЕТОМАНИЈА

Волтер, учителот на просветителското движење, познат по остроумноста, брзината на досетливост, саркастичност и духовитост, многу прецизно сугерира еден „успешен“ стил на водењето дијалог: „Плукајте колку можете повеќе по вашиот противник! Нешто сигурно и ќе се залепи!“

Многумина го практикуваат овој стил на водење дијалог кај нас, затоа на големо се плука а и многу е залепено. А мора и да се залепи, оти тоа е целта на таквиот дијалог да се плука колку што може повеќе по другиот човек, по другото семејство, по другиот народ, по другата партија, по другата религија, по другата раса и тн. Оној што прв ќе запре со плукањето за да земе нова плунка ја губи расправата.

Таа потреба од плукање, омраза и презир спрема другиот, толку е постојана и потребна во животот што  всушност претставува длабока социјално-психолошка состојба која треба да развие претстава за другиот како нечовечко суштество, и тоа понатаму да се пренесе како главен виновник за страдањето и неуспехот на сите маки. Кога во меѓувреме има недостаток на добра, последиците од сè ова се колективна омраза и масовна клеветоманија.

Меѓутоа, застапниците на ваквиот стил не знаат една суштинска работа, дека плунката, омразата, презирот, оговарањето, никогаш не биле аргументи, тоа не се факти и не се доказ против другиот. Тоа се само слабости и омрази (мрази) на оние со таков стил! Цивилизираниот дијалог не е плукање, не е омраза, не е презир и прогон, туку утврдување на вистината и нејзино прифаќање. Разговараат возрасни еден или два часа и од разговорот излегуваат збогатени и едниот и другиот. Така децата го учат концептот на дијалог во семејството и општеството.

future-generation-quotes-sad-favim-com-1850070Но, човекот се однесува како што учел, според моделот на родителот и моделите во општеството. Затоа, работите не се така едноставни, бидејќи она што е научено во минатото се применува и во сегашноста. Се однесуваме како што (не)сме учеле.

Нашата најголема задача е промена на овој самоубиствен стил на живот, на овој начин на дијалог  и расправа.

Колку и да сакаме да кажеме дека тоа зависи од сите нас, што е и точно, колку и да одекнува силно славната изјава „Никогаш не прашувај што државата може да направи за тебе, туку прашај се што ти направи за државата“, сепак најголемата одговорност е во политиката, бидејќи таа во сите овие децении, со своето однесување или неоднесување влијаеше на сè до денес. Затоа сите отсвирени и неотсвирени  дела започнуваат со  првиот знак на диригентот на оркестарот. Со контролата на ритамот и сите можни ефекти и паузи. Тој се грижи за оркестарот да стреми кон совршенството и разбирање на делото. А понатаму и од секој инструментален виртуоз кој ќе ја воодушеви публиката со својата маестралност, фантастичниот дух и брилијантна импровизација