Вистинското прашање е прашањето за можностите на реформата во постојните услови.
Се додека не образуваат околностите а не природната потреба за тоа – не може да се зборува за образование. За образованието неопходни се сите институции, и законите, и општествената/граѓанска структура но и власта. Сите тие имаат своја првобитна точка – првобитна состојба, вели Фихте, но предупредува дека сите луѓе не поаѓаат од тој почеток туку секој поаѓа од ставовите до кои дошла неговата епоха.

1125Државата може да иницира реформа на универзитетот, но државата не може успешно да ја спроведе таа реформа. Реформата може да се спроведе само со снагата, со силата која се наоѓа на самиот универзитет. Отворено е прашањето дали таква снага се наоѓа на самиот универзитет и дали го има тој потенцијал во себе. Тука и понатаму е посебно прашањето за барањата кои ги поставува државата како и барањата на современата наука. Тие две барања никогаш не можат во потполност да се усогласат.
Кога се менува општеството се уште се нема цврстина да се види јасно дали универзитетот ги учи другите и дали самиот учи, во такво општество невозможно е да се видат вистинските потреби на општеството.
За внатрешна успешна реформа на универзитетот мораат да бидат исполнети три услови:
1. Финансиски
2. Приматот на универзитетот во реформата (а не надворешните институции)
3. Постоење на општествени интереси при спроведување на реформите.
Доколку не постојат сите овие услови, не треба да се откажат реформите тврдоглаво, и суштината не е во тоа – отсуството на реформи, подразбира и отстапување од прогресот, истакнува Пирогов.
Пирогов смета дека реформата не мора на сите универзитети да биде спроведена на ист начин, туку треба да овозможи на различни универзитети да постојат и различни статути. Ова се спротивставува на принципот на централизација, но треба да се има предвид дека принципот на централизација одговара на државата но не и на науката, бидејќи науката не може да се поклони на централизацијата.
Во тој случај, разноврсноста на универзитети може да биде предност а не маана, таа придонесува за суштинско внатрешно поврзување.

На универзитетите има луѓе кои целото свое време го посветуваат на наставата и науката, но има и такви кои се тука само за да си ја завршат својата работа, додека во исто време имаат големи приходи надвор од универзитетот. Ова прашање особено доаѓа до израз кога се сака да се утврди што на еден универзитет му е поважно: личноста или должноста, духот или само формата.

Научникот секогаш тежнее да биде независен, и тоа е нешто сосема вообичаено за научникот. Тој е дел од хиерархијата и хиерархијата е неговата тајна. Во случајот кога научниците ќе станат чиновници, нивните ученици својата единствена смисла ја гледаат во потрагата по звања, а порано или подоцна местото за стекнување знаења ќе се претвори во бирократска канцеларија.

Големината, значењето и вредноста на една катедра, или на еден факултет не го чини тоа што постојат катедри, што постојат наставно-научни совети, или тоа што има вработени професори, туку таа големина ја чинат ЛИЧНОСТИТЕ кои таму работат. Всушност, така е и денес во Германија каде првин те среќаваат со прашањето, НЕ КАДЕ, ТУКУ, КАЈ КОГО СТУДИРАВТЕ, а големите факултети се оние каде предаваат светски познати и признати имиња.

Универзитетот е израз на современото општество, тој ги изразува општите општествени тенденции и духот на времето. Во универзитетот се огледува општеството и тој е негов барометар. Но, ако покажува погрешно време, тоа никако не значи дека треба да го скршите или скриете од очите на јавноста, туку да го гледате и да делувате.
А таквиот поглед на универзитетот го потврдува историјата: КОГА ПОЛИТИЧКИОТ ЖИВОТ ВО ОПШТЕСТВОТО СЕ ДВИЖИ РАМНОМЕРНО, КАКО КЛАТНОТО НА ЧАСОВНИКОТ КАДЕ ПОЛИТИЧКИТЕ СТРАСТИ ОД ПОВИСОКИТЕ СФЕРИ НЕ ДОАЃААТ ДО НЕЗРЕЛИТЕ, ТОГАШ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ПРВ ПЛАН СЕ ПОЈАВУВА НЕГОВОТО ПРВОБИТНО ОПРЕДЕЛУВАЊЕ, НАУЧНАТА ДЕЈНОСТ.
Николај Ивановиќ Пирогов (1810-1881)