Прво што ни паѓа на памет кога размислуваме за разгаленото дете е дека тоа поседува премногу материјални добра, дека е мрзеливо, дека брзата храна му е лесно достапна, со преголем избор на сè. Секако дека сето тоа воопштено се однесува за нашите деца. Во поглед на материјалните добра и на многу други можности и бенефиции кои ги имаат денешните деца, како и на благосостојбата на родителите, тие не можат да се споредуваат ниту со нивните родители а уште помалку со нивните дедовци и баби. Меѓутоа, ова е само дел од сликата.

Секако дека е можно некое дете да има сè од тоа а воопшто да не е разгалено.

Институтот за развојни науки на Филипините во 2008 г., поднел извештај во кој се опишува дека Филипинците „изродиле генерации на разгалени деца…“. Родителите вообичаено им купуваат на децата материјални луксузи, како на пример мобилни телефони, за да го пополнат своето отсуство од семејството, а потоа го споменуваат добриот школски успех на сопствените деца како показател на успешност.

spoilt-childОна што некогаш се нарекувало невоспитание или лошо однесување, денес внимателно се преформулира во недостаток на социјални вештини. Денес децата очекуваат сè што ќе посакаат да добијат, и тоа многу побрзо од кога било порано. Тоа може да се објасни и како резултат на културата според принципот „кликни и гледај“, „кликни и купи“, односно културата на медиумите, и целото тоа уште и засилено со големите промени во родителството, промените на општествените вредности и законодавството.

Секако дека секое дете се раѓа себично и како средиште на својот сопствен универзум и без оглед на тоа дали тоа дете е син на Сократ или Парис Хилтон, или е ќерка на Јоцо водоинсталатерот, ние како родители мораме да ја формираме и социјализираме душата, вредностите и постапките на децата, кои веројатно имаат многу малку мисли за сочувствување и однесување кон другите, дефинитивно тие најмногу се посветени за задоволување на своите потреби и комфор.

Иако, денес науката постојано повторува дека без „заклучоци засновани на докази“ не треба да се објавува или тврди, сепак има многу докази од реални ситуации.

Најголемиот број наставници и професори веќе со децении говорат дека се воочуваат промени на лошо во поглед на однесувањето на младите генерации.

Наставниците се под притисок“, извештај кој го објавил Факултетот за образование на Универзитетот Кембриџ, идентификувал пораст на општа појава на непослушност која од семејството се пренесува и во училницата. Извештајот посочува рушење на моделот на родителство, погрешно насочена дисциплина во училиштата, што за резултат има лошо однесување кое достигнува највисоко ниво. Наставниците на почеток вината ја препишувале на наставните планови и програми за кои мислеле дека не се доволно мотивирачки, но денес сметаат дека причината е во брзите општествени промени. Децата стануваат вешти манипулатори и тоа од сите слоеви во општеството.

Овде се посочува точката на пресвртницата. Од аристократија до ниска класа, децата се толку разгалени што тоа ги надминува границите на материјализмот. Иако имаат премногу и премногу им е дозволено и е направено во општеството, сепак, нивната добробит не се зголемува како што се очекувало. Последиците се мерливи, децата патат и тоа не може ни да се претпостави во кои мерки. Денес има најголем степен на депресија кај деца, најмногу убиства кои деца ги направиле на други деца, најмногу малолетна бременост, гојазност, насилство, несоцијално однесување и алкохолизам , меѓу децата од пред пубертетска возраст – од  кога се води статистика. Во сите индустријализирани земји се воочуваат истите општи трендови.

Кога јас бев млад, нас не учеа да бидеме пристојни и да ги почитуваме постарите, додека денешната младина е премногу паметна (нема почитување) и се спротивставува на секое ограничување.“ (Хесиод, 8 век п.н.е)