Една анегдота раскажана на една меѓународна конференција за образование: „Атомската централа има 180 пропишани процедури, а воспитно-образовниот систем 450“.
Еден од најпознатите стручњаци за развој на образованието Pasi Saghlberg, објаснува на што треба да се стави акцентот во реформата на образованието.
1. Во реформите на воспитно-образовниот систем треба да се земат предвид менталитетот и културното наследство.
2. Акцентот не треба да биде ставен на тоа детето да биде подготвено за училиште, туку училиштето да биде подготвено во истата училница да ги прифати децата кои доаѓаат со различни вештини, од оние кои едвај ги препознаваат буквите, до оние кои веќе читаат и пишуваат.
3. Не може да се има добро образование кое ќе создава задоволни и реализирани ученици, ако немаме добри, задоволни, добро платени и почитувани учители.
4. Не може да има креативен образовен систем ако учителот нема слобода тој да одлучи како ќе подучува.
5. Потребно е училиште во кое учениците кои доаѓаат од семејства со различен материјален статус и образование – подеднакво успешно да учат.
6. На факултетите за наставници треба да се пријавуваат најдобрите, високо талентирани и мотивирани кандидати.
7. Креативноста бара голема автономија. Дајте повеќе простор за креативност, повеќе часови за музика, ликовно, драма, спорт.
8. Централизиран систем нема доверба во учителот, а граѓаните немаат доверба во институциите па така и во училиштето.
9. Условите за работа и учење и квалитетот на работа меѓу училиштата треба да се минимални.