Во Холивуд постои ноќен клуб т.н. „Магичен замок“, кој го раководат професионални магионичари – често гостите кои доаѓале во тој клуб се воодушевувале кога ќе виделе дека клубот изнајмува двојник на Кери Грант (Cary Grant) како вратар. Кога посетителите приоѓале пред влезот, вратата ја отворал енергичен човек во беспрекорно скроено одело „Добредојдовте во Замокот“, шармирајќи ги гостите, оставајќи впечаток дека ужива во улогата на двојник. Гостите се смееле и биле изненадени колку вратарот личи на легендарниот глумец, најдобриот двојник на Кери Грант во светот ви ја отвора вратата за забава.
Замислете, гостите не барале автограм, бидејќи не верувале дека тоа е вистинскиот Кери Грант. Меѓутоа, вратарот кој глумел дека е Кери Грант сепак не бил измамник и двојник, тој реално бил Кери Грант од глава до петици.
Клубот имал строго правило – нема фотоапарати, нема фотографи, нема новинари. Звездите кои доаѓале имале можност во клубот да се опуштат, а утредента да не завршат на насловната страница на некој медиум.
Зошто Кери Грант го правел тоа?
Грант всушност сакал со часови да разговара со рецепционерката Dzoan Loron која преку ден се бавела со образование од областа на детскиот развој а навечер работела во ноќниот клуб како рецепционер. Грант, во тој период бил татко на мало дете, кој бил фасциниран од нејзиното изучување на образование за детски развој. Грант, „Сакал да знае сè за децата“, се присетува Loan „Кога ќе пристигнеше некој автомобил, тој ќе скокнеше и веднаш трчаше да ја отвори вратата на гостите. Тој не сакаше да ги измами гостите, но тоа најчесто за жал се случуваше. Гостите не можеа да поверуваат дека Кери Грант им ја отвора вратата“.
Зошто гостите не можеле да препознаат дека тоа е реално Кери Грант?
Ги лажел контекстот. Никој не очекувал дека вистинскиот Кери Грант ќе се појави во некоја досадна улога на вратар. Магионачарите кои работеле во „Магичниот замок“, биле најдобрите, па гостите кои доаѓале биле подготвени да гледаат илузии и измами. Тие мислеле дека згодниот вратар бил само првата измама во ноќта.
Суштината е следна. Кога нештата се спакувани како забава – кога сè треба да биде магично, волшебно, изненадувачко и фасцинирачко – тогаш и вистинската работа може да се разбере како уште една „слатка“ за целта на нашата забава.
Денес истото се случува и кога е во прашање науката и научните истражувања. Резултатите од научните истражувања се користат како двојникот на Кери Грант – само кога ќе снема сензации за насловните страници, следниот ден, медиумите произведуваат друг научен специјалитет на денот.
Поради ваквиот начин на претставување, невозможно е да се процени кои откритија навистина го заслужуваат нашето внимание.
Најголемиот дел научни истражувања не можат да одат во чекор со барањата на медиумите. Барем што се однесува на детскиот развој, нема спектакуларни „еуреки“ кои би се вклопиле во очекувањата на јавноста. Новите идеи не се дела на еден научник, тоа се идеи на голем број научници, понекогаш десетици, кои спроведуваат истражувања на универзитети ширум светот. Новите вистини, не доаѓаат на крилата на еден експеримент, туку доаѓаа многу бавно, со децении, од различни истражувања.
Заклучокот е дека многу важни идеи кои се вообличуваат во текот на последната деценија биле пред нашиот нос, но како цивилизација, сите заедно, никогаш не препознавме дека тие се вистинските.