Во што се состои тезата на некои научни теории дека многу лични проблеми потекнуваат од детството?
Постои една теорија која се концентрира околу концептот на т.н. животно сценарио или скрипт: тоа се нашите лични животни приказни кои сме си ги напишале уште во детството (Berne, 1972; Steiner, 1974).Во својот живот, личноста може да одигра делови од својот детски животен план. Тоа го прави и за тоа не е свесна.
Животното сценарио се гради во облик на драма, со јасно одреден почеток, средина и неизбежен крај. Завршната сцена се нарекува Исход, Очекуван резултат или Добивка.
Нашите одлуките во раното детство
Животниот план на малото дете не го одредуваат само надворешните сили, родителите или средината, тука и одлуките кои детето ги носи реагирајќи на надворешните притисоци.
Животното сценарио е всушност дел од детските одлуки. Оттука следи дека две деца како реакција на ист притисок од средината веројатно ќе развијат различни животни сценарија.
Детските одлуки не настануваат преку свесно размислување кои ние вообичаено ги поврзуваме како со начинот на донесување одлуки на возрасните. Наместо тоа, тие настануваат невербално, во вид на емоционална реакција.
Иако родителите не можат да ги одредат одлуките на децата, тие можат многу силно на нив да влијаат. Тоа го прават на тој начин што на децата им праќаат пораки за нивното животно сценарио. И, тие се пренесуваат вербално или невербално. Тие пораки можат да бидат во форма на сугестија, на пример: „Цркни“, „Не се толку зближувај со луѓето“. Можат да бидат и во форма на атрибуција или етикета, односно изјава за тоа какво е детето: „Глуп си“, „Знаете малата Марија воопшто не е јака“.
Детето одлучува за своето животно сценарио како за најдобрата стратегија за преживување и задоволување на потребите во светот кој често за него дејствува непријателски (Woollams, 1977). Детето е мало и физички ранливо. Во своето најрано детство, тоа точно ги гледа своите родители како луѓе кои ја имаат целата моќ над нив. Подоцна детето станува свесно, но и понатаму ги доживува своите родители како личности кои имаат моќ или да ги задоволат неговите потреби или да не ги задоволат. Тие ги доживуваат своите родители како личности кои ја одредуваат нивната стварност: за децата тоа што родителите ќе го кажат нужно мора да биде и вистина.
Детето поинаку ги доживува емоциите од возрасните, и користи поинаков вид на тестирање на реалноста (Ericson, 1950, Piaget, 1951). На таа основа настануваат раните одлуки. Емоционалното искуство на малото дете е искуство на бес, гнев, очај, ужас…
Детето нема смисла и поим за времето како што имаат возрасните. На пример, детето може да заклучи: „Мајка ми замина и можеби никогаш нема да се врати. А тоа значи дека засекогаш ќе останам сам“. Во такво толкување на стварноста се појавуваат емоциите на бес, осаменост, ужас,… поради чинот на напуштање на мајката.
Така со своето конкретно и магиско размислување, детето понатаму објаснува без зборови: „Мајка ми замина и ме напушти. Тоа сигурно значи дека со мене нешто не е во ред, иако таа не ми кажува што е тоа“. Така детето донесува пробна одлука во своето сценарио. Со честото повторување на ваквото сценарио, детето формира заклучок, дека со него нешто навистина не е во ред.