Според валдорфската педагогија успехот на учениците се вреднува вербално и не се изразува со оцени. Според  Ernst-Michael Kranich оценувањето гледано од страна на педагогијата е грешка која е својствена на образовниот систем на нашето време.

Описните оцени не се помалку строги или помалку точни од нумеричките оцени. Нумеричките оцени  даваат само привид на објективност, во суштина, вистинското поттикнување го имаат вербалните оцени.

Со описните оцени ученикот се опфаќа како целина вклучувајќи ги и неговите когнитивни и општествени способности, неговиот развоен степен и особините на неговиот карактер.

Описната оцена ја надминува формалната проценка бидејќи не овозможува само „помош при успехот“ туку на ученикот му овозможува и позитивни импулси за следната учебна година и ги охрабрува неговите скриени развојни потенцијали.

Описните и вербалните оцени не е едноставно да се напишат и кажат во еден клас одquote-1-van-gogh-2 30 деца, тие треба да бидат точни и вистинити, но и напишани со висок јазичен стил кој ќе мотивира.

Учениците со воодушевување кажуваат како вербалната оцена која цела година ја носат во себе ги мотивира поради хуманиот начин на проценка. Тоа ја јакне нивната самосвест.