Ако направите едно истражување и влезете во која било кујна на кое било место во цивилизираниот свет, ќе забележите дека во третата фиока одозгора секогаш има некакво изненадување.

Во првата фиока ќе најдете прибор за јадење – ножеви, виљушки, големи лажици и мали лажички – сите уредно наредени како мали војници од челик кој се одмораат пред новото заминување в бој.

third-drowerВтората фиока вообичаено содржи некои поголеми предмети – ножеви за леб и торти, кутлици за супа, цедалки, отворачи за конзерва, отворачи за вино, бркалки –мали, средни, големи.. инструменти за цедење на овошје…Сето тоа се сериозни и потребни предмети.

Но, третата фиока секогаш е место кое содржи многу мистерии. Никогаш не знаете што ќе ви се појави во третата фиока. Таа е како некој друг свет на предмети кои заслужуваат да бидат таму, и јасно е дека не припаѓаат на првите две фиоки. Во оваа чудна трета фиока ќе најдете сè што е возможно, од игла до локомотива.

Чудо и мистерија.

Учителот и родителот најмногу мотивираат и инспирираат кога се како третата фиока. Нека уживаат децата во тоа што ќе го пронајдат. Ајнштајн веројатно немал осумнаесет воннаставни активности, па сепак оставил некоја трага во нашата цивилизација.