Протоереј Алексеј Уминскиј: Зошто заминав од социјалните мрежи

Протоереј Алексеј Уминскиј: Зошто заминав од социјалните мрежи„Јас се изморив. Едно време, јас чувствував дека постирањето, проповедите, допишувањето можат да имаат смисол. Некои од тие луѓе, со кои што се допишував на фејсбук, дојдоа во храмот. Но на социјалните мрежи спасението не се добива. На интеренет било каква проповед, било каква светоотечка изрека може да се изврти во лага. Карактерот на човекот може да премине во лажен.’’- вели познатиот московски свештеник и телеводител протоереј Алексиј Умински, кој ја затвори својата сметка на социјалните мрежи.

Особени интернет-гревови
–    Зошто кај луѓето има толку силна потреба да живеат виртуелно на социјалните мрежи?

–    Ми се чини дека потребата да се ‘‘живее виртуелно’’ на социјалните мрежи во голема мера се должи на можноста да се говори од ‘‘говорница’’, не сносувајќи одговорност за своите зборови. Човекот на интернет станува невидлив. Тој може да настапи од никаде. Психолошки тоа е многу удобно. На социјалните мрежи соговорникот не ги гледа твоите очи, изрази на лицето, твоите вистински емоции.

Постојат и други причини за активна комуникација на интернет. На пример, осаменоста или недостатокот на комуникација во реалноста или дури можноста на самоизразување, кога една поразлична личност никој не ја слуша и тој никому не му е интересен. На социјалните мрежи корисникот може веднаш да ја стави на располагање во јавноста било која своја идеја, било која мисла која ќе му дојде во умот. „Страниците пишуваат’’ стана стабилна изјавата како „Британските научници докажаа’’. Дури во медиумите стана можно ова да се однесува на натпис на ограда. Човекот на овие мрежи се појавува значаен само затоа што го искажал своето мислење. Преку социјалните мрежи можно е да се нурнете во посебен свет, кој е многу близок со реалноста и да започнете да живеете во него според неговите закони, сериозно добивајќи од тој свет поддршка и доверба.

На социјалните мрежи има нешто што е од полза, но има и нешто што те лишува од внатрешен мир и те повредува. Затоа социјалнита межа може да се гледа како начин за брза комуникација, како начин да се сподели вистината, како начин да се дознае нешто ново, или да се соберат пари за операција на болно дете. А можно е и како начин за исмевање некому, предизвикување, собирање луѓе на митинг или одигрување на зла шега, без страв од одмазда.

–    На интернет, информацијата се шири брзо и во голема мера. Произлегува дека и одговорноста за зборот на социјалните мрежи треба да биде поголема.

–    Од друга старана, одговорноста за зборот на интернет е помала. И тежината на зборовите значително е помала. Зборот станува лесен, и токму затоа толку лесно и се шири. Затоа е така лесно да се кажува на интеренет, лесно се манипулира. На мое видување, всушност тоа е еден од најглавниот проблем на интернет. Зборот престанува да биде вистински значаен. Луѓето не помислуваат на зборот. Тие нешто ќе слушнат и веднаш го множат, рашируваат, копираат. А што ако тоа не е точно?

Лага- ново интернет- појавување, чудно и застрашувачко- шега, која многу е слична на вистината. Вистински ѓаволски трик- потсмевање на напишаното, потсмевање на мислата, потсмевање на човекот, кој престанал да мисли. Престанал да биде свесен, што тој чита на интренет. На пример, лажни барања за помош, кои луѓето за други  луѓе го прават, за да придобијат популарност за себе. Тоа е страшно. Затоа таква лага на интернет може да ја изврти било која проповед, било која светоотечка изрека. Интернетот е безличен, неодговорен, со тенденција кон лага. Карактерот на човекот може да премине во лажен. Многу брзо. И се преобразува. Самиот себе не може да се најде, сé што се прави, сé му се покажува лажно и неправилно.

–    Дали присуството на човекот на социјалните мрежи влијае на неговата свесност за  реалноста?

–    Да, се разбира. На пример, кога јас се возам во автомобил и мене некој ме пресекува, јас во срцето си велам: „Лош човеку, каде возиш!’’ Но, јас нема тоа да го кажам кога не сум во автомобил, затоа што на мене ќе гледаат оние што ме опкружуваат, тие ќе ме слушнат и јас ќе се засрамам. Вообичаено јас ги сокривам од другите своите потајни мисли. Тие излегуваат само тогаш, кога јас сум сам. Затоа би сакал за нив никој да не дознае.

Така исто се случува и со лицето на социјалните мрежи. Тој седи сам пред компјутерот, но, истовремено комуницира и со другите луѓе, и не забележува како започнува да разговара со другите со она што обично тој го чува внатре во себе. На социјалните мрежи сето тоа излегува надвор и за човекот постанува негова реалност, тој престанува да се срами пред другите. Склоностите, страстите, со кои тој сеуште се бори, стануваат нормални, затоа што на социјалните мрежи така е прифатено. Социјалните мрежи самите предизвикуваат на тој стил на однесување.

Прочитал некаква статија (може дури и да не е до крај), И тука коментирал. „Овој е изрод!’’ Нему му даваат одговор, а тој нив-три, а тие, петнаесет, а тој, триесет. А потоа таа личност прави вака: „Ах, каков си. Па, тогаш, ако е така, јас тебе…ќе те блокирам!’’ Јас така разбирам, дека кога би имал овој човек пиштол, тој веројатно би отишол и би го застрерал. На еден бам, на друг бам, на трет бам. Сите би ги пострелал и би живеел мирно. Впрочем тие повеќе не постојат во неговиот простор. Тој ги блокирал.

Присуството на социјалните мрежи донесе во духовниот свет особени интернет- гревови. На пример, силната зависност, кога пораките, коментарите, фотографиите ги проверуваш секоја минута, сега тие доаѓаат и во компјутерот и на телефонот и ти ’’секогаш си вклучен’’. Или особено интернет славословие, кога ти читаш колку лајка си добил, колку споделувања, кои луѓе ти се пријатели- тоа е виртуелен збир, чија цена ја разбира лицето кое живее духовен живот.

Отец, благословете, се качивме во авион!

–    Присуството на духовните отци на социјалните мрежи им го открива на чедата брзиот пристап кон духовникот и дури и кон неговиот приватен живот. Добро ли е тоа?

–    Не, впрочем не е неопходно да се дозволи на парохијаните да живеат во неговиот дом. Приватниот живот на свештеникот мора да биде сочуван од другите. Инаку од тој живот, од самиот свештеник едноставно ништо не останува. ‘‘Брз пристап’’, како што вие велите, исто така не е потребен, како што понекогаш се чини. Кај мене, на пример, често се случува, кога во четири часот наутро ќе пристигне порака. Се разбудувам, ги протривам очите и читам: „Отец, помолете се!’’ Па, си мислам, се случило нешто страшно. Се фаќам за срце. Читам понатаму: „Благословете, се качивме во авион, летаме за Кипар!’’ Ова е тоа брзо поврзување. Мене речиси срцето престана да ми чука, а тие- за Кипат летаат. И кога тоа би било само еднаш. Затоа во текот на последнава година, јас почнав да го заклучувам својот телефон ноќе. Изутрина го вклучувам и како по обичај, шест примени пораки и четири пропуштени  повици.

–    На социјалните мрежи луѓето живеат многу отворено. Дали на духовникот му е од полза да ги чита страниците на своите чеда?

–    Создавајќи страница за себе, лицето секогаш црта портрет пријатен за другите. Без сомнение. Тој нема да објавува на својата страница нешто што го руши неговиот имиџ. До извесен степен ја гледаме вистинската личност, но само во оној, во кој тој сака да се покаже пред другите. Односно, во суштина, ние гледаме лага.

Може ли тоа да му биде полезно на духовникот водач? И зошто? Зошто да се влезе особено во нечиј живот? Уште и во лажен, виртуелен живот. Во нашата гимназија, на пример, имаше случаеви кога школските соученици заради одмазда создаваа лажни страници еден за друг и ги полнеа со ужасни, навредливи содржини. Дело поради кое се доаѓало дури и до исклучување од училиште. Замислете, како би можел да биде измамен духовникот читајќи тој таква страница пред исповед или пред благословување на нешто важно?

–    Како да опстанеме во информативниот проток, кој нé опкружува сé позасилено   преку социјалните мрежи?

–    Ако, на пример, наидува период на пост, јас се трудам да се ограничам од информативната област која ме опкружува. Иако ги следам православните сајтови на интернет, но да речеме, радио во автомобил веќе не слушам. Потребните информации всушност и не се толку многу. Тоа што е навистина важно, тоа што е сериозно или страшно, тоа што се однесува на молитва, ти сигурно ќе го дознаеш, без интернет, без телевизор, без радио. Затоа понекогаш, за време на пост, може слободно сите да ги исклучите.

Вистинска духовна храна секогаш ќе остане книгата. Ако таа исчезне, ќе исчезне и интернетот, затоа што сé започнува со книгата. Интернет- тоа се препис на книги во друг простор, во друга кратка клипова форма. Но, и тука нема ништо ново. Поговорки, изреки, мудрости, афоризми секогаш постоеле. Се издаваат специјални збирки, каде се собрани афоризми по теми, да речеме, ‘‘филозофи за пријателство’’ или ‘‘физиката се шегува’’. Фејсбук исто така е поговорка, која си ја прочитал за време на појадок.

Подобро да се замине од фејсбук, отколку да се изгубат пријателите.

 


–    Пред половина година вие ги затворивте сите ваши сметки на социјалните мрежи, зошто? Дали тие не ви даваа можност за подвиг?

–    Се изморив. Едно време јас чувствував дека постирањата, проповедите, допишувањта можат да имаат смисол. И навистина, неколку од тие луѓе со кои јас се допишував на фејсбук, дојдоа во храмот, на исповед и некои дури и останаа во нашата парохија. Јас водев долги дискусии со луѓе далеку од Црквата. Но на социјалните мрежи спасението не се добива, затоа тие беседи на социјалните мрежи кои прејдоа во личен контакт,- се крунисаа со успех, а оние кои останаа на интернет, – се покажаа бесплодни. И јас сфатив, дека иако од социјалните мрежи може да се добијат многу добри риби, мене тоа не ми беше доволно.

Освен тоа, во овие мрежи ми се појавија многу разочарувања. Како што веќе говорев, на интернет- комуникација од лицето излегуваат на површина мали бесови, кои тој обично ги крие од другите. Одеднаш почнав да забележувам во коментарите на своите стари пријатели, во нивните постирања такви размислувња, кои ме доведуваа до забуна. Мене ми беше тешко да верувам, дека тоа го пишуваат истите луѓе кои јас ги познавам во реалноста. Зар е можно тие вака да размислуваат? Зошто тие го велат тоа? Јас решив, ако се согласам со тоа што го читам, јас ќе изгубам нешто многу важно за мене и ќе паднам на некаква лукава демонска стапица. Подобро јас да заминам од фејсбук и да го сочувам добрто мислење за луѓето, отколку да ги изгубам своите пријатели. Јас сакам да ги знам своите пријатели такви, какви што мене ми ги покажува Господ, а не искривеното огледало на социјалните мрежи.

Нашиот храм сеуште има своја страница на фејсбук и јас сеуште мислам дека тоа е добро. На страницата најчесто постојат луѓе кои немаат никаква комуникација со нашиот храм и често дури и живеат во друг град. Но, интересен им е животот на храмот. Интересни им се оние теми кои се за дискусии, киноклуб. Кога имав сметка на интернет, јас исто така учествував во тие дискусии, но сега на искушението како „Отец, вратете се после Велигден’’ или „Отец, вратете се во затворена група’’, по милоста Божја одговарам „Па веќе нема- никогаш!’’

–    Треба ли свештеникот да има посебно однесување на социјалните мрежи?

Треба. Потребна е мудрост. Кај мене таква мудрост не беше доволна. А има луѓе кои имаат доволно расудување, доволна рамнотежа, доволна трезвеност, кои го прават тоа добро, смирено, и веројатно со поголема полза отколку јас. Ако јас знаев како да се однесувам како духовник на социјалните мрежи, јас би останал. А затоа што јас не знам, јас заминав.

 

Подготви: Снежана Корнет

http://www.preminportal.com.mk/duhovnost-2/intervju/18263-protoerej-aleksej-uminskij-zoshto-zaminav-od-socijalnite-mrezhi

One thought on “Протоереј Алексеј Уминскиј: Зошто заминав од социјалните мрежи

Add yours

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: