Еден старец се шетал со својот внук на плажа. Секоја морска ѕвезда на која наидувале, детето ја подигало и ја фрлало во океанот. „Ако ги оставам“, рекло детето, „ќе се исушат и ќе угинат. Јас ги спасувам нивните животи.“
Старецот, пак, му одговорил: „Плажата е долга илјадници километри и на неа има милион морски ѕвезди. Тоа што го правиш не значи ништо.“
Детето ја погледнало морската ѕвезда во својата рака, ја фрлило во вода и со сигурност одговорило: „На оваа морска ѕвезда и значи.“
РАВЕНКАТА НА ХЕКМАН
Џејмс Хекман, професор на Универзитетот во Чикаго, добитник на Нобелова награда.
Доколку се инвестира во раниот детски развој од раѓање, па сè до пет години, може многу да се постигне. Тоа е решение за подобро образование и подобри резултати во здравството, помалку криминал и глад и поголем економски просперитет.
Инвестирај во образовни и развојни ресурси за маргинализираните семејства со цел да им се обезбеди подеднаков пристап до успешен ран човечки развој.
Развивај когнитивни и социјални вештини кај децата.
Одржи го раниот развој со ефективно образование за време на растењето.
Добиј многу поспособни, попродуктивни и ценети граѓани.