Цел на „политички исправната“ педагогија е „воспитување“ на безумни граѓани со кои може лесно да се управува и на кои може лесно да се заработува.

Компетентен воспитувач е оној кој умее да го спаси ученикот од самиот себе, од неговата игноранција, наивност и слабост.

Теоретска основа на идеолошката антипедагогија е прифаќањето на наивната и стеснета визија за човекот. Наивноста на „политички исправната“ антропологија наоѓа прифатливост на – покрај очигледниот факт – претпоставката дека ученикот е загрозен само од надвор, значи самиот тој е добар и слободен од било какви внатрешни конфликти. За возврат пак, „политички исправната“ концепција на човекот се состои во тоа кај ученикот да се забележуваат само неговото тело и инстиктите, емоциите и субјективните убедувања. Меѓутоа, ученикот нема само тело, емоции и субјективни убедувања, има исто така морално и духовно чувство, умее да постапува одговорно и слободно и има одредени вредности, идеали и аспирации.

Тие основни големини на човештвото се третираат како табу-теми од страна на идеолозите на „политичката исправност“ во воспитувањето.

Педагогот кој не се раководи според ниедна идеологија, но го набљудува својот ученик, многу лесно ќе забележи дека човекот, особено во периодот на развој, е нешто големо, но истовремено и нешто ранливо.

(Патот на децата, Марек Ѓевецки)