ЗОШТО ОВОЈ ФЕНОМЕН Е ОПШТЕСТВЕНО ВАЖНО ПРАШАЊЕ?

Со оглед на специфичноста на професијата учител/воспитувач во која покрај останатото, многу важен е и емоционалниот однос на воспитувачот со децата и задоволувањето на нивните потреби, може да се очекува дека постојаната изложеност на стрес може да ја намали ефективноста и ефикасноста на воспитувачот.

Главни фактори за стрес кај наставниците и воспитувачите се:

  • Меѓучовечките односи на работното место
  • Односот со родителите
  • Проблематичното однесување на децата
  • Работните услови

Скала – извори на стрес

  1. Немање разбирање од надредените за потребите на воспитувачите
  2. Немање разбирање од стручните служби за потребите на воспитувачите
  3. Субјективност во оценувањето на работата на воспитувачот
  4. Незаинтересираност на родителите за случувањето во градинката
  5. Неинформираност за стручни собири, недостаток на стручна литература и професионален развој
  6. Несогласување со соработниците, лоши меѓучовечки односи
  7. Разлика во стиловите на работа помеѓу двајца воспитувачи
  8. Слаба дидактичка и материјална опременост
  9. Агресивна реакција на родителите и конфликти со родителите
  10. Нереални очекувања на родителите
  11. Неусогласеност во воспитните стилови меѓу родителите и воспитувачот
  12. Несредени односи во семејството на детето

70852025_stress_calculator_624promo

Извор: Испитување на 236 воспитувачи во Ријека

Ivanka Živčić-Bećirević, Sanja Smojver-Ažić, Sveučilište u Rijeci, Filozofski fakultet, Odsjek za psihologiju.