Вил Роџерс „До сега не сум сретнал несимпатични ученици“
Дали би сакале да ве оперира просечен хирург? Дали би сакале да јадете просечен ручек во ресторан? Никој не сака ништо просечно. Оттука, зошто би се задоволиле во образованието со просечен квалитет?
Теодор Лит вели дека училиштето е родното место на новиот подобар свет, па поради тоа, тоа треба да се одвои од она што сега се случува. Училиштето треба да се изгради во „место за живот на младите“ во кое ќе се развиваат силите на новото обликување.
Педагошкиот епицентризам е процес кога образованието во услови на општествена транзиција ја има улогата на локомотива на промените и развојот.
Ако возрасните немаат изградено вредносен систем, тогаш детето или адолесцентот го прифаќа вредносниот систем на своите врсници (Маслов).
Клучната цел на воспитно-образовниот систем не е поединечното знаење како краен резултат, ниту пак владеењето со методите како средство, туку целта е животот во светот на вистината. Вистината е етичката душа на секоја вистинита школа.
Училиштето е огледало на општеството.