Задачите на родителството се само средство за постигнување на целта. Тоа е како да речеме: „Додека ти помагам наутро да се подготвиш за на училиште, ќе ти покажам и ќе те поучам за сè што можам за тоа како да бидеш човечко суштество. Додека ти помагам да се подготвиш, ќе ти покажам сè што знам за љубовта, почитта, љубезноста и стрпливоста. Ќе те научам на одговорност, да се грижиш за себе, за грижата за другите и за самопочитта. Ќе те научам како да излегуваш на крај со расположенијата и со стресот и како да се контролираш. Ќе те научам како се дава, како достоинствено се прима, како се покажува благодарност. Сето тоа ќе го направам додека ти помагам да се подготвиш за на училиште“. Докажани стратегии од Сара Чејна Редклиф
КАКО ДЕТЕТО УЧИ ШТО Е ДИЈАЛОГ?
Разговараат возрасни еден или два часа и од разговорот излегуваат збогатени и едниот и другиот.Детето слуша како разговараат за некоја тема. Детето не разбира која е таа тема, но сфаќа, разбира, чувствува дека не се согласуваат. И едниот и другиот родител со аргументи разговараат без повишен тон на гласот. ДЕТЕТО ПОЧНУВА ДА РАЗБИРА ШТО ВСУШНОСТ Е ДИЈАЛОГОТ.
Детето ги слуша мајката и таткото како НЕ СЕ РАСПРАВААТ ТУКУ РАЗГОВАРААТ на некоја тема за која не се согласуваат. Расправаат БЕЗ ПОВИШЕН ТОН НА ГЛАСОТ (БЕЗ ВИКАЊЕ).