Ken Robinson
„Во близината на местото каде живеам се наоѓа „Долината на смртта“. Тоа е најтоплото, најсувото место во Америка, таму ништо не расте. Ништо не расте бидејќи нема дожд. Оттука и името „Долина на смртта“. Во зимата 2004 г., почна да врне дожд по 18см дожд во краток временски период. А, во пролетта 2005 г., се случи еден феномен. Целото тло во „Долината на смртта“ беше покриено со цвеќе. Тоа беше доказ дека „Долината на смртта“ не е мртва. Таа беше заспана. Вистинските услови се причина за животот, особено за оној вистинскиот живот. Земете на пример некоја општина, училиште, променете ги условите, дајте им на луѓето поинакви можности, поинакви очекувања, широка рамка на можности, поттикнете ги и вреднувајте ги односите меѓу наставниците и учениците, понудете им можности да бидат креативни, иновативни во тоа што го работат и училиштата ќе заживеат. Големите лидери тоа го знаат. Вистинската улога на лидерот не е власт и контрола. Вистинската улога на лидерот е контрола на атмосферата, креирањето на атмосфера на можности.“