Во едно истражување и анализата на 261 книги за деца (сликовници за предучилишни деца и книги за деца до трето одделение) кои ги опишуваат односите помеѓу братот и сестрата, особено на односите кога си играат заедно, истражувачот запишувал: Колку пати децата ќе се скараат? Колку пати ќе си запретат еден на друг? Колку позитивни моменти ќе имаат за споделување, наклонетост, решавање на проблеми и исклучување? Просечната книга покажува еднаков број на негативни и позитивни видови на однесување. Скоро во сите книги, децата константно се закачуваат едно со друго, се понижуваат и меѓусебно се обвинуваат за лошите постапки.
Големи и долги научни истражувања, базирани на методот на опсервација, покажуваат дека браќата и сестрите на возраст од три до седум години во просек се караат од 3-4 пати на еден час. Некои кавги се кратки, други се долги, но вкупно тоа е во просек околу 10 минути поминати во кавга во секој саат. Според д-р Хилд Рос (Hildi) од Универзитетот Вотерлу, само еден од осум конфликти завршува со компромис или помирување – останатите седум пати тие се повлекуваат, вообичаено после закачувањето или заплашувањето на постарото дете.
Најголемата причина на кавгите е поделбата на играчките. Скоро 80% од постарите деца и 75% од помладите деца рекле дека поделбата на физичките предмети е причина за најголемите кавги.
Родителите постапуваат уште полошо ако само ја прекинат кавгата со зборовите: „Доста беше – доста ми е од вас двајцата!“ На тој начин, родителите го покажуваат истиот вид на себичност, едностран начин на гледање на работите. Дури често се сосредоточуваат на приморување на децата да ги поделат играчките за кои се караат или да го отргнат едното дете од конфликтот – на тој начин децата се лишуваат од можноста да научат да преговараат или почитуваат туѓи потреби.
Д-р Гани Де Харт од Универзитетот во Њујорк, направила споредба во кои четиригодишните деца направиле седум пати повеќе негативни изјави за својот брат или сестра наспрема односите кон другарчињата.
Зошто?
Истражувач од Шкотска д-р Саманта Панч (Punch) утврдила дека децата не се мотивирани да се однесуваат убаво и добро кон своите браќа или сестри, во споредба со другарчињата, бидејќи братот или сестрата ќе бидат тука и утре, без оглед на сè. Тие се генетски осудени да живеат заедно. Едноставно тука нема мотивација за промена.Но, да го добиете она што го сакате од другарот го наведува детето да развива вештини. Да го добиете она што го сакате од родителот е многу лесно.
Браќата и сестрите кои помалку се расправале, долгорочно односот им останува ладен и дистанциран. Наспрема оние кои имале чести и длабоки расправии.